Грчки јогурт Грекос - вистинскиот вкус на Медитеранот

Грчкиот јогурт Грекос ги врзува вкусовите на сите генерации и ги задоволува афинитетите на луѓето од различни стилови на живот. Во него подеднакво уживаат и спортистите и гурманите. Се истакнува во улогата на додаток на јадењата, како и во нивна интегрална компонента. Го правиме по оригинален грчки рецепт и од висококвалитетно млеко. Пробајте го нашиот кремаст грчки јогурт Грекос и почувствувајте го вистинскиот вкус на Медитеранот.

100g Грекос грчки јогурт ги содржи следните нутритивни вредности:

Млечни масти Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
9g 3,7g 4,0g 464 kJ - 112 kcal

Грекос грчки јогурт - калории и хранлива вредност

Дали знаевте дека медитеранската исхрана е меѓу најздравите во светот? Во 100g, вкусен грчки јогурт Грекос има 3,7g протеини и само 112 калории!

Еве ја целата нутритивна табела која ги прикажува вредностите во 100g грчки јогурт Грекос.

Донесете го вкусот на Медитеранот на вашата трпеза со грчкиот јогурт Грекос

Ви го претставуваме класичниот бел грчки јогурт Грекос со 9% млечни масти. Кремастиот и богат вкус на Грекос е совршен избор за збогатување на секој појадок, ужина или вечера. Може да се конзумира самостојно – за вистинско кремасто задоволство, или да се комбинира со овошје, јаткасти плодови и житарки, како и да да се користи за вкусни креми, десерти и ужини.

Практично пакување на грчки јогурт во 3 големини

Единствениот јогурт што се јаде со лажица е грчкиот тип на јогурт.

Со Грекос секогаш сте на чекор до Медитеранот. Практичен е за ужина во сите прилики, како и за правење интересни рецепти. Изберете го Грекос во големината која ви треба и според бројот на луѓе за кои се подготвува оброкот. Ставете го густиот, кремаст грчки јогурт Грекос во сад и додадете јаболка, јагоди или друго омилено сезонско овошје. Соединете сè и посипете со една рака јаткасти плодови и засладете со мед. На здравје!

Грекос Грчки тип на јогурт - рецепти за вкусно секојдневие

Ќе се изненадите колку Грекос може да Ви се најде кога станува збор за неговото присуство во различни рецепти! Успева да се меша во слатки и солени задоволства, во појадок, ужина, па дури и цели оброци.

Обидете се сами!

Грекос можете да го користите како подлога за каша со житарки, за правење домашен, вкусен пудинг или сладолед, како и за овошни јогурти. Покрај тоа, тој е одличен додаток на преливи, сосови,, топинзи и кремасти салати (кој сака цацики?), а на супите и чорбите им дава сочен вкус. Доколку сакате погуста текстура и повкусни залаци, слободно користете го како состојка за разни пекарски производи.
Љубителите на Грекос секојдневно нѐ изненадуваат со својата креативност. Погледнете што прават со нашиот грчки јогурт и пронајдете инспирација!

Грчкиот овошен јогурт во вашите омилени вкусови

Сочна јагода или слатко шумско овошје – кој вкус го избирате?

Доколку сакате густи и квалитетни јогурти со овошје, грчкиот овошен јогурт Грекос ќе стане вашето омилено слатко задоволство. Кога избирате грчки овошен јогурт – избирате луксузен начин да се засладите. Кремастата текстура на грчкиот јогурт е совршено надополнета со богатиот, сладок вкус на вашето омилено овошје.

Практични пакувања грчки јогурт во различни големини и вкусови​

Имате прашања за грчкиот јогурт?

Разгалете се себе си и вашето семејство со кремасто задоволство и започнете го денот со уживање!

Дури и мала промена како оваа може да направи голема разлика и да го промени целокупниот развој на квалитетот на денот што претстои. Почестете се со нешто посебно на самиот почеток на денот.

Грекос лесно ќе стане главна ѕвезда на вашиот појадок.

Можете да го јадете наместо јогурт и млеко, со солени оброци, но и нашето омилено – користете го како основа за појадок и креирајте вкусни, слатки кремови.

За сладок и брз појадок со Грекос грчки јогурт, потребно е само:

  •       Бел грчки јогурт Грекос;
  •       Грст омилено сезонско овошје;
  •       Грст јаткасти плодови (за поинтересен вкус, користете микс);
  •       Засладувач по желба.

Процесот на подготвување е исто така исклучително едноставен и брз. Само ставете го Грекос во сад, додадете овошје, јаткасти плодови и за дополнителна сладост – мед. Измешајте ги состојките и уживајте во слаткото, кремасто задоволство!

Доколку ви недостигаат идеи за комбинации на вкусови, еве неколку од најдобрите,  кои ќе бидат  совршена комбинација со грчки јогурт:

  •         Јагоди, бадеми и екстракт од ванила;
  •       Банана, какао и лешници;
  •       Јаболка, цимет, ореви и мед.

Повеќе идеи и чекори за правење појадок со Грекос грчки јогурт можете прочитати овде.

Земјите на Медитеранот имаат медитеранска клима и многу плодна почва, што секако е главната причина за богатата кујна со која можат да се пофалат. Покрај тоа, овие земји поради одличната географска положба отсекогаш биле геополитички влијателни и значајни, па различни народи низ историјата ги оставиле и своите културни, но и кулинарски влијанија кај нив.

Денес, медитеранската кујна се смета за една од најдобрите. Откриено е дека жителите на медитеранските земји се и оние со најдолг животен век, а се претпоставува дека за тоа секако придонесува начинот на исхрана.

Оваа кујна е неприкосновена во однос на вкусот, како и во разновидноста во користењето на намирниците. Вкусната, богата и разновидна, медитеранската кујна е меѓу омилените светски кулинарски традиции.

Создадена за уживање.

Грчкиот јогурт е незаменлив дел од медитеранската исхрана и се смета за висококвалитетен млечен производ во кој хедонистите и гурманите навистина уживаат. Кога сакате дел од Медитеранот на вашата маса – Грекос е совршен начин да го донесете.

Ова се и намирници кои треба да станат секојдневен дел од вашата исхрана доколку сакате да јадете како да живеете на Медитеранот:

  •       Морска и речна риба;
  •       Сезонско овошје и зеленчук;
  •       Јаткасти плодови;
  •       Маслиново масло;
  •       Квалитетни млечни производи, особено грчки јогурт;
  •       Житарици.

Дополнително, применете ја најдобро чуваната тајна на Медитеранците во вашето секојдневие: многу смеа, семејни оброци и активен животен стил. Подобрете го квалитетот на вашиот живот со овие добро чувани крајбрежни тајни!

Може, и тоа е многу едноставно:

  1. Во блендер ставете класичен бел Грекос грчки јогурт
  2. Додадете една шака ситно сечкано омилено овошје
  3. Време е да го активирате блендерот!

Истурете ја смесата во сад со капак, па ставете ја во замрзнувач. Почекајте најмалку еден час, а потоа отворете и видете ги резултатите. Висококвалитетен и вкусен домашен сладолед никогаш не било полесно да се направи!

Иако овошјето е полно со природен шеќер, сладоледот по желба можете дополнително да го засладите. Доволно е да додадете една лажица шеќер, јаворов сируп или мед пред да изблендирате.

За посложени вкусови на сладолед, играјте со зачините и комбинирајте различни состојки. На пример, обидете се да направите сладолед од јагоди, банани и бадеми. Или од цимет, јаболко и малку морско оревче. Уживајте во  експериментирањето!

Грчки јогурт, неодолив вкус​

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.