Состојки
250 g палента,
250 g колбаси,
250 g павлака Bimilk,
малку сол,
1 лажица путер,
1 литар вода,
рукола за декорација.
Подготовка
Во 1 литар зовриена солена вода се додава палентата и се готви додека не почне да се згуснува со повремено мешање со лажица. Готовата палента се става во тава обложена со хартија за печење и се остава 30 минути во фрижидер да се стегне.
Потоа се сече на парчиња и секое парче се пече во грил тава од двете страни. Парчињата се редат на сад за сервирање и над нив се додава павлаката и колбасите (претходно иситнети и испечени на грил тава). На крај украсуваме со рукола.