Состојки
1 пакување тестенини по избор
250g Битолска павлака
150g моцарела
1 тиквичка
грст грашок
100g бело пилешко месо
магдонос
зачини по желба
Подготовка
Тиквичката исечкајте ја на коцки и пропржете ја во малку вода и масло заедно со сечканото пилешко месо.
Додајте го грашокот, а потоа динстајте додека не омекне.
Зачинете по желба со сол и/или зачини, додајте малку црн пипер, па ставете ја Битолската павлака.
Тестенините претходно сварете ги според упатството на пакувањето, па сварени додајте ги во зеленчукот и убаво промешајте.
На крајот додадете ја иситнетата моцарела и уште еднаш промешајте за моцарелата да се распореди насекаде.
Наросете свеж магдонос и послужете додека е топло.