3 начини да подготвите неверојатно вкусни и корисни оброци со новиот Битолски густ јогурт

Содржината

09. Jan 2017

На задоволство на сите сладокусци, од неодамна Бимилк создаде нов оригинален вкус и го претстави новиот Битолски густ јогурт. Сега сите гурмани ќе можат да уживаат во идеалната густина и исклучителна крем-структура која создава незаборавен вкус.

Но покрај интензивниот и незаборавен вкус, Битолскиот густ јогурт е и значително корисен за здравјето. Спојувајќи го убавото и корисното, Бимилк создаде вкусен јогурт кој истовремено и пријатно делува на организмот.

Имено, густиот јогурт содржи корисни бактерии кои се задолжени за ферментацијата и го штитат организмот од воспаленија и штетни микроорганизми. Битолскиот густ јогурт е исто така полн со витамини и минерали и е одличен извор на протеини,  калциум, калиум, магнезиум, фосфор, јод, цинк и витамин Б5 и Б12.

Поради ваквиот состав и сите овие корисни состојки, Битолскиот густ јогурт има благопријатно дејство на организмот со тоа што помага во намалувањето на крвниот притисок, ја регулира работата на цревната флора и го смирува желудникот. Дополнително густиот јогурт поради калциумот кој го содржи ја чува и одржува функцијата на коските.

Поради сиве овие придобивки, вкусниот густ јогурт е исклучително корисен за консумирање на дневно ниво, а поради својата кремаста структура, може да се користи и за подготовка на омилените сосови, салати, десерти, како и во комбинација со разни други видови храна со кои се надополнува.

Во продолжение ви претставуваме 3 интересни рецепти за здрави и вкусни оброци кои можат да се приготват со Битолски Густ јогурт.

 

Зимски сладолед за целото семејство

Битолскиот густ јогурт со својата кремаста структура го прави овој сладолед лесен и освежителен, а сепак многу хранлив и здрав.

200мл густ јогурт

10-15 урми

10-15 суви сливи

1 лажица мед

Прстофат цимет

Изблендирајте ги сувите сливи и урмите со јогуртот и на крај додадете го медот и циметот. Сладоледот ставете го во фрижидер 15-тина минути за да се спојат вкусовите, а потоа уживајте во овој зимски десерт.

Бомбици со јогурт за енергичен старт на денот

И традиционалните бомбици можат да добијат уникатен вкус и пријатно да делуваат на здравјето, доколку ги подготвите со Битолски густ јогурт.

150мл густ јогурт

200 гр мелени овесни снегулки

Ситно сецкано суво овошје по ваш избор

1 цеден портокал

1 лажица мед

100 гр мелени лешници

За да ги подготвите бомбиците измешајте ги јогуртот, овесните снегулки, сувото овошје цедениот портокал и медот. Оформете ги бомбиците и извалкајте ги во мелените лешници.

Свежа салата со дресинг од јогурт за детокс во зима

Иако некои ја сметаат свежата салата за лесна храна, нејзината хранлива вредност благодарение на Битолскиот густ јогурт е на многу повисоко ниво и е препорачливо да се консумира во секој период од годината како здрав оброк.

1 марула

½ краставица

1 морков

2 роквици

1 млад кромид

За дресингот:

2 лажици свеж сок од лимон

1 лажица оцет

1-1½ лажичка шеќер

2 чешниња лук ситно сецкани или изблендирани

½ шолја густ јогурт

1/3 шолја ладно цедено маслиново масло

½ лажичка сол

Прстофат бибер

½ лажичка сушен копар

Ставете ги сите состојки за дресингот во еден сад и измешајте ги за да се соединат. Дресингот можете да го ставите во фрижидер и да го користите во следните 3-4 дена. Кога ќе сакате да ја направите салатата, ставете го зеленчукот (марула, краставица, морков, роквици, млад кромид) и прелијте со претходно подготвениот дресинг.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.