Покрај тоа што Битолскиот густ јогурт е суперхерој во секојдневната исхрана поради своите хранливи карактеристики и богатството на минерали и витамини, тој е одличен додаток на различни видови храна. Интересните рецепти и различните комбинации со големиот број на јадења, го прават густиот јогурт да биде незаменлив дел од кујната.
Во продолжение ви претставуваме 5 рецепти за здрави и вкусни оброци кои можат да се приготват со Битолски Густ јогурт.
Вкусен и лесен колач со јогурт, вишни и чоколадо
Идеален рецепт за овие ладни денови кој ќе ви ја исполни во целост потребата за благо. Сите состојки се мерат во шолја и нема потреба да користите вага или друго средство за мерење на состојките. Битолскиот густ јогурт е тајната состојка која го прави овој колач неодоливо вкусен.
2 јајца
1-ипол шолја (250 мл.) шеќер
2 шолји брашно
½ масло
½ прашок за печиво
1 ванилин шеќер
1 шолја јогурт
1 шолја изрендано чоколадо
1 шолја вишни (може и замрзнати)
Загрејте ја печката на 180 степени. Измиксајте ги двете цели јајца со шеќерот додека не добиете пенеста структура. Додадете ванилин шеќер и половна чаша масло и продолжете со миксање. Намалете ја брзината на миксерот па наизменично додавајте брашно, прашок за печиво и густ јогурт. Потоа, во смесата ставете го изренданото чоколадо и измешајте. На крај прелијте во калап, распоредете ги вишните и печете околу 30 минути на 180 степени.
Освежувачка јогурт салата
Битолскиот густ јогурт е совршен за салати поради неговата кремаста структура која беспрекорно добро ги соединува сите состојки.
2 варени јајца
1 чешне лук
1 свежа краставица
250 мл. Битолски густ јогурт
Неколку ливчиња рукола
Прстофат сушен копар
Прстофат сол
Сварете ги јајцата и исцекајте ги на ситно во сад. Излупете ја краставицата и исецкајте ја на ситно во чинијата, а потоа додадете ги лукот и руколата на ситни парчиња. По желба посолете, додадете го копарот и на крај сето тоа прелијте со густ јогурт. Измешајте ја салатата и оставете јогуртот да ја соедини. Пред служење изладете ја во фрижидер, а потоа уживајте во оваа вкусна салата.
Едноставни погачици со јогурт кои веднаш ќе сакате да ги пробате
Овие погачици се совршени кога дома ќе ве изненадат гости, планирате да поканите поголемо друштво за да гледате некој натпревар или пак организирате домашна забава. Одличниот додаток на овие погачици е оригиналниот вкус на Битолски густ јогурт
2 шолји брашно
2 лажички шеќер
1 лажичка сол
1 шолја Битолски густ јогурт
½ шолја Битолско млеко
1 прашок за печиво
Во поголема чинија измешајте ги сите состојки. Доколку смесата е ретка додадете уште малку брашно, доволно за да можете тестото да го одвоите од чинијата. Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее. Попраскајте брашно на работната површина и истресете го тестото. Обликувајте поголем круг со дебелина на еден прст. Со чаша или модла за крофна вадете кругови. Ставете ги погачиците на плех обложен со хартија за печење. Печете 15 минути на 180 степени. По желба, за сервирање на погачиците можете да користите и Битолска павлака.
Здраво замрзнато совршенство со јогурт и банани
За ова мало здраво замрзнато совршенство кое што децата, но и возрасните го обожаваат ви требаат само 3 состојки. Секако, главната состојка во овој одличен рецепт е Битолски густ јогурт.
2 банани
1 шолја малини (може и друго слично замрзнато овошје како вишни или јагоди)
Половина шолја Битолски густ јогурт
Во блендер измиксајте ги сите состојки. Во зависност од густината можете да додадете уште банана. Добиената смеса прелијте ја во сад и ставете ја во замрзнувачот. По неколку часа извадете го десертот, сервирајте го во чинија и по желба прелијте со сируп од малини, вишни или јагоди.
Смути со јогурт и боровинки за рамен стомак
Смутито не е само тренд на денешницата, туку станува збор за здравје во чаша, освежување, здрава ужина, па дури и комплетен оброк. Смутито е креативна и слободна кулинарска креација која со вкусниот Битолски густ јогурт го подобрува здравјето и ни ја дава потребната енергија во утрото, бидејќи здравиот појадок води до урамнотежена исхрана и витка линија.
2 јаболка исечени на помали парчиња
1 и пол шолја Битолски густ јогурт
1 банана
Половина шолја боровинки
1 портокал
Мед по желба
Ставете ги сите состојки во блендер и убаво измиксајте. Уживајте во вашиот вкусен и здрав појадок.