Бимилк Денот на млекото го одбележа со продолжување на стратешкото партнерство со СОС Детско село

Содржината

Денот на млекото и Денот на згрижувачките семејства, Бимилк традиционално го одбележа искажувајќи грижа и поддршка за децата од СОС Детско село. Како општествено одговорна компанија Бимилк го продолжува стратешкото партнерство со СОС Детско село преку месечна финансиска помош и разни донации во производи. Дополнително, за помош и поддршка на 40 згрижувачки семејства кои се под Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола и дел од ЈУ Дом за доенчиња и мали деца, Бимилк донира Битолско млеко покривајќи ги месечните потреби од млеко на секое семејство.

„Денот на млекото и Денот на згрижувачките семејства е одличен повод да се спојат во нашата посветеност за децата без родителска грижа, да им овозможиме безгрижно детство и топол дом и да добиваат еден од основните производи за здрав и правилен раст и развој. Нашето мото дека секое дете треба да расте среќно и безгрижно продолжуваме да го развиваме со вакви активности, затоа оваа соработка со СОС Детско село е многу значајна за нас. Со стратешкото партнерство, Бимилк ја унапредува и развива својата општествена одговорност што преминува во долгорочна цел за децата од оваа организација со која овозможуваме што повеќе генерации да растат со нашите производи“, изјави Маја Велевска Литовска, бренд менаџер во Билмик.

Соработка со СОС Детското село продолжува и оваа година со донација на месечна основа и за компанијата е посебно значајна бидејќи се помага на децата поддржани од Детското село кои заслужуваат внимание и поддршка.

„Нашата општествена одговорност тргнува од нашето производство за создавање квалитетни производи со кои овозможуваме секое дете да има здраво детство. Таа филозофија продолжува во секојдневното работење и се пренесува и на нашите активности во заедницата каде функционираме. Лесно е да се помогне, за насмевка не треба многу, најмногу што треба е внимание и поддршка кога таа е потребна. Како компанија се стремиме да помогнеме онаму каде најмногу треба, а ова стратешко партнерство со СОС Детско село се претвори во пријателство. Компанијата е побогата за голем број нови пријатели кои ја ценат нашата искрена поддршка“, дополни Маја Велевска Литовска, бренд менаџер во Билмик.

Од СОС Детско село на Битолска млекара гледаат како на долгорочен стратешки партнер со кој заеднички ја остваруваат својата цел, обезбедување топол дом и среќно детство за децата без родителска грижа.

„Нашата цел се зголемува со растечката потреба од што повеќе згрижувачки семејства и добивањето стратешки партнер во Бимилк, кој континуирано ја поддржува нашата мисија и помага, е не само посакувано туку и неопходно. Ова партнерство е пример кој што треба да се следи и применува, затоа што на овој начин општествената одговорност на компаниите добива вистинска и реална реализација“, велат од СОС Детско село.

Поддршката од Бимилк за СОС Детско село во форма на стратешко партнерство се одвива веќе неколку години, а покрај тоа компанијата во повеќе наврати има донирано производи и школска опрема за потребите на децата без родителска грижа.

Донацијата од Бимилк за згрижувачките семејства кои се дел од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства ги опфаќа семејствата во градовите Битола, Ресен, Демир Хисар, Прилеп, Македонски Брод, Кичево, Крушево, Дебар, Охрид и Струга.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.