Бимилк е „Бизнис лидер“ во млечната индустрија

Содржината

Континуираното снабдување на пазарот и граѓаните со млечни производи, наспроти енергетските и економските предизвици ја поттикна лидерската позиција и добивањето на престижната награда

Млекара АД Битола, првата компанија од млечната индустрија во Македонија, е добитник на наградата „Бизнис лидер“ во категоријата „Производство на млечни производи според остварените приходи и број на вработени за 2023 година“. Наградата е доделена врз основа на анализата на работењето и постигнатите резултати, каде реализираниот приход на Бимилк е 43,3 милиони евра, наспроти драстично пониската чиста добивка која е 1,34 милиони евра, што покажа дека Бимилк во целиот период и покрај економските и енергетски предизвици, континуирано и непречено го снабдуваше пазарот и ги задоволуваше потребите на граѓаните со традиционалните но и нови млечни производи.

Наградата ја одразува одговорноста на Бимилк за секојдневно снабдување на потрошувачите со неопходните млечни производи како и посветеноста на обезбедување врвен квалитет.

„Особено сме горди што успеавме во силно предизвикувачка година да ја добиеме оваа награда која е потврда дека делувавме и донесовме одлуки со кои излеговме пресрет на нашите потрошувачи и како најголем производител на млеко и млечни производи секојдневно снабдивме повеќе од милион потрошувачи без разлика на остварената добивка. Како лидер, понесовме одговорност снабдувањето да ни биде прв приоритет, а добивката ја ставивме во втор план“, истакна Ѓорѓи Петрушевски, извршен директор на Млекара АД Битола.

Со повеќе од 72 години традиција во производство на млечни производи со врвен квалитет, Млекара Битола продолжува да поставува стандарди во индустријата, одржувајќи го своето лидерство на пазарот. Оваа награда дополнително ја зајакнува репутацијата на компанијата како најуспешна и го отвора патот за континуирано растење и иновации, коешто секогаш е поттикнато од потребите на граѓаните од бројни и разновидни млечни производи и нивното широко присуство на пазарот.

 

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.