Бимилк ги изненадува потрошувачите: Омилените млечни производи во поголемо пакување, а по иста цена!

Содржината

Додека сите се соочуваме со предизвиците на зголемената инфлација, која предизвика раст на цените во сите индустрии, па и во млечната, Бимилк деновиве излегува на пазарот со гратис количина на омилените млечни производи, сега достапни во поголеми пакувања, а по истите цени како постоечките производи:

•    Битолски јогурт 1450г + 250г ГРАТИС;
•    Битолски густ јогурт 1450г + 250г ГРАТИС; 
•    Баланс+ 1450г + 250г ГРАТИС;
•    Битолско кисело млеко 400г + 80г ГРАТИС.

„Сметаме дека нашите производи се неприкосновен дел од секојдневната здрава исхрана, а Бимилк како компанија која создава производи со врвен квалитет – докажан повеќе од 70 години, секогаш е посветена да ги задоволи потребите на нашите потрошувачи. 
Секој денар е важен, а ова се времиња кога тоа особено значи. Токму затоа оваа кампања има за цел да ја покаже нашата благодарност кон верните потрошувачи и нивната лојалност. Активно ги следиме нивните потреби и оваа кампања е одговор на тоа.„– истакнува Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер на Бимилк.

Оваа понуда може да се искористи со посета на најблиската продавница во која ќе го најдете омилениот вкус на јогурт и кисело млеко. Истата ќе трае еден месец се до потрошување на количините во маркетите.

Бимилк е општествено одговорна компанија која е посветена на обезбедување на најквалитетни млечни производи секогаш достапни за своите потрошувачи, а оваа кампања е еден од начините да се покаже таа посветеност, особено сега кога овие промени на цени влијаат врз куповната моќ. 

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.