Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со едукативна работилница во СОС Детско село

Содржината

Денес, 20.11.2017, Битолска млекара го одбележа Светскиот ден на детето и истовремено го означи стартот на едукативните работилници во рамки на проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, кои во следниов период ќе се одржуваат во повеќе од 60 градинки ширум државава.

Со омилениот лик на Битолското Чупе и аниматори облечени во костими на витамини, децата од СОС Детско село Македонија, имаа можност да учествуваат на првата работилница за зачувување на животната средина и со тоа да се стекнат со навики за грижа за природата уште од најрана возраст.

Преку интересна едукативна програма, тие учеа како од празните амбалажи од Битолското млеко можат да изработуваат разни корисни предмети што може да имаат секојдневна употреба, со цел да ја научат важноста за рециклирање, но и важноста од стекнување здрави навики и консумирање млеко и млечни производи уште од нивното рано детство.

„Со цел да го покажеме нашиот искрен придонес кон заедницата и децата, Бимилк години наназад го одбележува Светскиот ден на детето преку повеќе донации и активности, трудејќи се на различни начини да им го разубави денот на најмалите. Оваа година се одлучивме тоа да го сториме заедно со нашиот долгогодишен партнер СОС Детското село Македонија, со цел да и на овие дечиња им пружиме едно поинакво секојдневие, но истовремено и да направиме спој со големиот проект ‘Собираме и ре-креираме’ бидејќи истиот е наменет токму за децата кои денес во целиот свет се прославуваат“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, инаку, има за цел да ја поттикне и хуманоста кај децата бидејќи предметите што ти ги изработуваат ќе бидат изложени на голем хуманитарен базар, а средствата ќе бидат донирани токму за СОС Детското село Македонија.

„Навистина нѐ радува фактот што Бимилк не заборава да нѐ посети за сите важни датуми и чест ни е што Светскиот ден на детето оваа година го одбележуваме со пријателите од оваа компанија. Децата се навистина возбудени што имаа можност да учат и да се дружат со Битолското Чупе, а ние сме уште посреќни кога ги гледаме насмевките на нивните лица“, рече Александра Ивановски, директор на програми на СОС Детско село Скопје.

Веќе традиционално, Бимилк го одбележува Светскиот ден на детето на хуманитарен начин и на повеќе различни начини дава поддршка кон СОС Детското село Македонија.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.