Како дел од својата долгорочна општествено одговорна мисија, Бимилк и оваа година ја сподели новогодишната магија со децата, подготвувајќи и донирајќи празнични пакетчиња со цел да внесе радост, внимание и насмевки во празничните денови.
Новогодишната донација опфати деца згрижени во дисперзираната паралелка на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Битола, членови на здружението „Невроразлични“, како и деца од Дневниот центар за деца од улица и деца без родители. Со оваа иницијатива, празничната радост стигна до што поголем број деца, во соработка со институции и здруженија кои секојдневно работат со деца со посебни потреби и деца во социјален ризик.
Децата го добија најслаткото пакетче за оваа година – Моја Кравица новогодишно пакетче, подготвено со внимателно одбрани производи од асортиманот на Моја Кравица, со цел да создаде чувство на празнична топлина и радост.
„Во Бимилк веруваме дека поддршката за најмладите и заедницата е вредност што треба да се негува секојдневно, а особено во празничниот период. Со оваа иницијатива сакаме да создадеме моменти на радост и чувство на припадност кај децата и нивните семејства“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.
Со ваквите активности, Бимилк продолжува да ја негува својата посветеност кон децата и заедницата, создавајќи празнични моменти исполнети со радост и грижа.
