Од 10.02.2014 па се до 10.03.2014 година Бимилк и Тинекс организираат хуманитарна акција во која со секое купено Битолско трајно млеко се одвојуваат по два денари кои ќе бидат донирани во заводот за деца и млади “Топанско поле“ и заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“ од Битола.
Собраните средства од продажба на Битолско трајно млеко (Битолско млеко 3,2%, Битолско млеко 2,8%, Битолско млеко со десет витамини или Битолско light млеко 0,9%) во дадениот период ќе бидат искористени за купување на материјални средства и помагала за подобрување на животот на децата и младите со посебни потреби.
Оваа е трета голема донаторска акција која е дел од платформата на Бимилк и Тинекс под мотото „Хуманоста е важна“ која се надоврзува на успешната акција која беше организирана минатата година во периодот од 24 октомври до 17 ноември и во која за потребите на ДСУ за рехабилитација и образование “Наум Охридски“ и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов“ беа донирани кревети и душеци потребни за подобрување на животот на децата и младите со посебни потреби, ученици во овие две установи.
Целта на оваа акција е да се поттикне хуманоста и несебичната поддршка за децата и младите со посебни потреби како особено ранлива категорија во општеството, при што самите потрошувачите купувајќи ги прозводите на Бимилк во супермаркетите Тинекс активно ќе придонесат за подобрување на животот на децата и младите со посебни потреби. Двете компании и во иднина најавуваат слични хуманитарни акции.