Бимилк повторно ги изненади првачињата и им посака сладок почеток на учебната година

Содржината

Кон желбите за среќен и успешен почеток на учебната година, и оваа година се приклучува Бимилк, подарувајќи им на првачињата ширум Македонија мало внимание за сладок почеток на нивното образовно патување.

 

Имено, Бимилк и оваа година продолжува со подарување на омиленото чоколадно млеко „Моја Кравица“, како и пригодни подароци за првачињата од 34 основни училишта од 15 градови во Македонија, меѓу кои се и Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Куманово, Тетово, Кичево, Струмица, Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Радовиш.

 

При посетата во ОУ „Коле Канински“ во Битола, Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк, рече:

 

„Им посакуваме среќна и успешна учебна година на сите ученици, а особено на оние најмалите што тукушто го започнуваат своето патување во формалното образование. Се надеваме дека со ова мало внимание успеавме да ја надополниме нивната возбуда и среќа за новите почетоци. Сигурни сме дека овие мали, умни глави ќе бидат посветени, одговорни и успешни, а нашиот апел до нив е да продолжат да ги практикуваат добрите навики, како што е редовната консумација на млеко и млечни производи за нивниот правилен раст и развој“.

 

Со полниот вкус на вистинско чоколадо во комбинација со најквалитетното млеко и без конзерванси, чоколадното млеко „Моја Кравица“ со години претставува омилена слатка напивка за сите генерации, а истовремено е и идеално решение за внесување на потребната количина витамини и хранливи состојки неопходни за правилен раст, развој и нормално функционирање на метаболизмот на децата.

 

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.