Битолски сладолед со 10 витамини: Млечен сладолед за сите возрасти

Содржината

Битолска млекара и Цермат го лансираат првиот млечен сладолед со 10 витамини на пазарот. Новиот производ е наменет за сите возрасти, а посебно за децата што произлегува од неговиот состав. Произведен е со познатото Битолско млеко, што придонесува за богатиот млечен вкус, а присуството на десетте најнеопходни витамини му дава дополнителна вредност и здравствени придобивки.

Бимилк и Цермат повеќе од две години работеа активно на развој на овој производ, мотивирани пред се од потребата на потрошувачите, да им понудат млечен десерт на своите најмили, којшто нема да биде дилема кога е во прашање најголемото летно задоволство. Присуството на 10те витамини, нутритивните карактеристики и високо-квалитетното полномасно млеко, го прават корисен во поглед на исхраната и со здравствени придобивки, а во исто време е и забавен за децата”, изјавија од Бимилк.

Новиот производ е резултат на првата соработка меѓу двете водечки компании во земјава. Сладоледот според составот е единствен на нашиот пазар а е резултат на искуството и современата технологија на Цермат, збогатена со искуството и знаењето на Бимилк како лидер во млечната индустрија.

„Следејќи ги највисоките стандарди за квалитет и производство на сладолед со најсофистицирана опрема и европски стандарди, и овој пат произведовме сладолед кој со својот патентиран изглед и форма, но и одлично балансиран сооднос на состојки, претставува уникатен сладолед во нашата држава и во регионот. Нашата цел е континуиран развој на производството на сладолед и збогатување на нашето портфолио преку постојано инвестирање во иновации на пазарот”, изјавија од Цермат.

Производот е достапен е со два преливи, бело белгиско чоколадо и темно белгиско чоколадо. Сладоледот со десет витамини е проширување на портфолиото на Битолско, што опфаќа Битолски јогурт и млеко со десет витамини.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.