Битолско чоколадно млеко со 10 витамини за поздраво детство

Содржината

Внесувањето здрави и корисни состојки што го поттикнуваат развојот на детскиот организам е една од главните грижи на секој родител. А децата сакаат се што е вкусно, го сакаат млекото, но уште повеќе го сакаат вкусот на чоколадо.

Вкусно, здраво, корисно, се трите основни карактеристики на Битолското чоколадно млеко со 10 витамини. За ова млеко посебно се нагласува неговиот состав, збогатен со десетте витамини, затоа што токму тие прават уште попозитивно да влијае врз развојот на детскиот организам. Благодарение на составот, со пиењето на ова чоколадно млеко се задоволува дневната доза за внесување калциум, основната состојка на млекото и 10те витамини потребни за сите возрасти, а особено за правилен раст и развој на децата.

Со цел да ги запознаеме со Битолско чоколадното млеко со 10 витамини и да ги запрашаме за нивните навики, кога и како пијат чоколадно млеко, посетивме неколку македонски семејства.

Анастазија Стојкоска, мајка на две деца, со радост ја прими веста за ваквиот збогатен состав на чоколадното млеко. Таа вели дека во нејзиното семејство вообичаената ужина е чаша млеко, но сега со присуството на десетте витамини во чоколадното млеко, комбинацијата е одлична и многу посакувана од нејзините две деца.

Во домот на Елена Гагиќ, мајка на малиот Виктор, секогаш се избира најдоброто и притоа корисно. Елена веќе ги знае придобивките од Битолското чоколадно млеко со десет витамини и затоа посебно се израдува на подарокот.

Биљана Милошевиќ е исто така родител што води посебна грижа за растот и развојот на своето дете и правилната исхрана како клучна во зајакнувањето на детскиот организам. Млекото и млечните производи се главен дел од секојдневното мени, а сега со збогатениот состав на чоколадното млеко вели дека особено нејзината внука Матеа ќе ужива во вкусот, а таа ќе биде задоволна заради потребното дневно внесување на витамини и минерали.

Десетте витамини во Битолското чоколадно млеко ги предводи витаминот А, познат по влијанието за подобар вид, но исто така и за добрата состојба на коските, кожата, косата, забите, непцата. Присутен е и витаминот Е, познат како моќен антиоксиданс и витаминот Д3 посебно потребен за зацврстување на коските кај децата, калцификација и за подобро сврзување на калциумот во организмот. Дел од составот на новото Битолско чоколадно млеко се и витамините од групата Б што учествуваат во многу ензимски реакции и се добри за нервниот систем, за енергија, за здрава кожа.

Со сите овие карактеристики, со висококвалитетно млеко и внимателно избран состав збогатен со неопходните витамини и минерали, со грижа за развојот на најмладите е создадено Битолското чоколадно млеко со 10 витамини. Покрај калциумот од млекото, што е градежна единка на телото, витамините што се застапени во ова млеко се најпотребни за правилен раст и развој на децата.

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е проширување на портфолиото Битолско со 10 витамини, кое потпирајќи се на веќе познатото Битолско млеко со 10 витамини оваа година разви портфолио и во категориите јогурт и сладолед.  Достапно е во пакувања од 250ml, 500ml  и 1l.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.