Битолско кисело млеко

Содржината

Битолско кисело млеко – Омилениот вкус веќе 66 години

Наутро или навечер, како закуска или пак како додаток на омилените јадења, препознатливиот синоним за освежување, полн, автентичен вкус и полезност за организмот – Битолското Кисело Млеко веќе 66 години е дел од семејната трпеза на бројни генерации.

Приказната за Битолско кисело млеко започнува уште во далечната 1952 година кога врвните мајстори од повеќе трговски претпријатија го формираат млекарско претпријатие „Млекар“ Битола. Уште од самите почетоци, Битолското кисело млеко зазема значајно место во портфолиото на производи на млекарницата, како производ со уникатна рецептура, подготвен со особено внимание и посветеност од неговите искусни креатори.

Од тогаш, па до денес, производството на Битолското кисело млеко еволуираше во согласност со новите иновативни технологии за унапредување на неговиот квалитет, зголемување на капацитетите за производство и пакување. Но, она што останува константа низ годините, е вниманието, грижата и посветеноста во неговата подготовка. Токму затоа, денес, Битолското  кисело млеко е омилениот производ на многу генерации и неизоставен дел од  семејната трпеза, во било кој период на денот. Неговиот богат, препознатлив и сестран вкус дозволува комбинации со секаква храна, омилена за децата, но и за возрасните.

„Денес Битолското кисело млеко е водечки бренд во својата категорија на македонскиот пазар, бидејќи нашите потрошувачи имаат доверба во нас, во нашето искуство и традиција во производство на производи со врвен квалитет. Токму затоа, креираме кампања преку која сакаме да ја раскажеме приказната за традицијата и квалитетот, за вистинското мајсторство и уникатност, за посветеноста со која веќе 66 години се произведува Битолското кисело млеко. Кампања која ќе ги разбуди сеќавањата и емоциите на многу генерации, но и ќе создаде нови. Несомнено, успехот на Битолското кисело млеко, како и на сите други производи од портфолиото на Бимилк се темели на нашата постојана посветеност и фокус кон нашите потрошувачи. Тоа е нашата стратегија за успешност по која ќе продолжиме чекориме и ќе останеме верен и омилен избор за здрав и балансиран начин на живот за сите генерации“ – изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Битолско кисело млеко најпрво беше достапно во пакување од 400 г. , а подоцна, на барање на потрошувачите, беа воведени и пакувањата од 180 г., и 700 г.  

Бимилк како компанија останува посветена на обезбедување на потрошувачите со здрави, вкусни и хранливи производи со цел подигнување на нивото на свесност и неопходноста од здрав и избалансиран начин на исхрана.

 

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.