Маја Мојсова Мијовска и нејзиното семејство вчера попладне отпатуваа за Берлин каде што благодарение на Бимилк и омиленото Битолско млеко со 10 витамини ќе ја посетат најубавата Зоолошка градина во Европа – Берлинската Зоолошка.
Минатиот месец Бимилк донесе среќа на многумина кои учествуваа во наградната игра „Авантурите на Битолското чупе“. Најсреќни меѓу нив беа добитниците на главната награда кои непосредно пред тргнувањето рекоа:
„Со нетрпение го очекувавме овој момент и почетокот на нашата авантура во Берлин, еден од најубавите градови во светот. Нашето семејство е голем љубител на Битолското млеко а оваа награда е доказ дека Бимилк умее да ги награди своите верни потрошувачи. Уживавме заедно со нашите деца собирајќи сликички, научивме многу нови работи и се надевавме на главната награда. Верувам дека ќе се вратиме од Берлин со многу нови впечатоци и побогати за едно големо ново доживување“ – изјави Маја Мојсова Мијовска.
Минатиот месец во Битола беа извлечени среќните добитници од големата наградна игра на Бимилк и брендот Битолското млеко со 10 витамини. Покрај најсреќните добитници кои тргнаа на незаборавно патување, се радуваа и уште 565 добитнци на 15 плеј стејшни, 50 ваучери во вредност од 3.000 денари и 500 Бимилк производи.
Битолското чупе и Бимилк ќе продолжат и понатаму, преку оригинални и креативни активности да носат незаборавни искуства за сите деца.