Брендови: Дигиталното време и новите правила на бренд маркетингот

Содржината

Бимилк: Оригинални и незаборавни онлајн искуства за сите

Светот на дигиталните комуникации нуди неограничени можности за нови искуства, отвора нови видици и безброј начини за директна комуникација со потрошувачите. Препознавајќи го потенцијалот на новите медиуми, Бимилк како компанија која е секогаш чекор пред другите, уште во 2010 година почна да ги инкорпорира дигиталните медиуми, особено социјалните мрежи во своите интегрирани маркетиншки кампањи. Денес, 6 години по првите кампањи на Бимилк спроведени на Фејсбук, компанијата преку своите профили на социјалните мрежи комуницира со над четвртина милион луѓе. Големиот број следбеници и фанови се должи, пред сè, на креативниот и иновативен пристап, како и на определбата да се биде оригинален, искрен и релевантен во комуникацијата.

Присутноста на Бимилк на социјалните мрежи е една од најважните алатки во остварувањето двонасочна комуникација, директен разговор и интеракција со потрошувачите. Социјалните мрежи се непресушен извор на информации кој овозможува навистина да се чујат нивните ставови, мислења и желби и да се најдат вистинските начини како да им се пристапи. Слушајќи ги нивните потреби, критики или сугестии и очекувања и комбинирајќи ги со разновидни истражувања на пазарот, Бимилк го унапредува своето работење, создава нови или ги подобрува постоечките производи и донесува добро осмислени бизнис-одлуки.

Дигиталните платформи бараат постојаност, достапност, искреност, брзина и релевантност. Овие карактеристики се, всушност, и клучните столбови врз кои Бимилк ги гради и ги развива своите стратегии за комуникација на овие платформи кои се неизоставен дел од секоја кампања. Од друга страна, комуникацијата на социјалните мрежи е и огледало на корпоративната култура која се негува во Бимилк: култура на отвореност, достапност и фокус кон задоволството на потрошувачите. 
Токму затоа успешноста на Бимилк во онлајн-просторот лежи во синергијата на можностите на дигиталните медиуми и подготвеноста на Бимилк нив да ги искористи на најдобар начин за да воспостави и да одржи трајна врска со потрошувачите.

Има многу бренд-приказни на Бимилк раскажани преку социјалните медиуми, безброј пораки пренесени до над 220.000 илјади фанови на трите фејсбук-профили, на инстаграм-профилот и на каналот Јутјуб, а овој вкупен број фанови и следбеници претставува околу 17% проценти од вкупните корисници на социјалните мрежи во Македонија. Овде ќе ви прикажеме само неколку од нив, кои поради некоја своја карактеристика оставаaт свој белег во интернет-просторот.
Носечки столбoви на дигиталната комуникација на Бимилк се корпоративните веб-страници www.bimilk.mk и www.bifruit.mk. Таму започнуваат сите бренд-приказни на Бимилк, тие се дигиталниот hub на целокупната комуникација.

Со современ дизајн, впечатливи и лесни за навигација, на веб-страниците на Бимилк се наоѓаат основните информации за компанијата и за производите, како и информации за сите тековни интегрирани маркетинг и ПР-кампањи, вклучувајќи ги и кампањите на социјалните медиуми.

Бимилк ги оживува уникатните приказни за своите брендови и остварува врска со своите потрошувачи, секогаш настојувајќи да им понуди интерактивни, забавни, креативни и едукативни содржини. Таква е и приказната за наградната игра „Авантурите на Битолското чупе“ која си создаде посебно место, како во обичниот, така и во дигиталниот свет. Со цел да им понуди на своите фанови ново искуство и да ги поттикне и на виртуелно менување сликички, компанијата создаде и иновативна фејсбук-апликација која беше поставена на www.bimilk.mk. Преку оваа апликација десетици илјади граѓани од сите краишта на Македонија остварија меѓусебна комуникација и се менуваа со сликички, што им овозможи побрзо да го соберат албумот „Битолското чупе на пат околу светот“.

Баланс+ е уникатен бренд кој има своја уникатна публика. Сакајќи да им понуди нешто повеќе на своите потрошувачи, Бимилк креираше посебна веб-платформа наменета исклучиво за комуникација на Баланс+ со своите потрошувачи и сите кои се грижат за подобрување на својата исхрана и животен стил. Но тука не завршува приказната. Со цел да се постигне едукација на корисниците и промоција на здравиот и активен начин на живот, Balansplus.mk e креирана како иновативна дигитална платформа, која покрај можноста потрошувачите да се информираат за ферментираните млечни производи на Баланс+, нуди и неколку секции преку кои се пласираат едукативни содржини за промоција на здравиот и активен начин на живот.

Следејќи ги различните табови, посетителите можат да најдат квалитетни текстови, совети и видеа кои можат да им помогнат да го подобрат својот начин на живот со практикување здрави навики во исхраната, редовни вежби и рекреативни активности. На овој начин Бимилк остварува уште една своја мисија: создавање генерации здрави, активни, а со тоа и среќни луѓе.

УСПЕШНИTE ПРИКАЗНИ СЕ КРЕИРААТ ЗАЕДНО СО ПОТРОШУВАЧИТЕ

Во интегрираниот маркетиншки пристап, Бимилк е една од ретките компании во земјава која успева да изгради и да одржи вистинска врска со своите потрошувачи. Иако профилите на Бимилк на социјалните медиуми имаат огромен број фанови и следбеници, успехот најмногу се мери според степенот на Engagement на корисниците. Engagement се постигнува со постојана анимација на корисниците преку интерактивните онлајн-апликации кои се дел од сите поголеми кампањи.

Уште една успешна приказна на Бимилк е онлајн играта „Меморија“ што беше поставена како апликација на фејсбук-профилот, преку која илјадници корисници имаа можност да се забавуваат, да ги доживеат „Авантурите на Битолското Чупе“ и да се охрабрат да учествуваат во големата наградна игра.

Можеби најдобар пример за отворена двонасочна и лична комуникација е Твитер, каде што корисниците најмногу влегуваат во директна комуникација со брендовите. Видеото насловено „Ве послушавме“ е одличен начин како коментарите од страна на потрошувачите можат да прераснат во позитивни пораки за брендот. Ценејќи го секогаш мислењето на потрошувачите, Бимилк го унапреди пакувањето и направи видео во кое им кажа дека нивното мислење е секогаш слушнато и ценето. Видеото помина одлично, неговата гледаност и позитивни коментари кои ги предизвика ги надминаа сите очекувања. Ова е еден од многуте примери кој покажува дека во начинот на комуникација во дигиталниот свет Бимилк се разликува од сите останати компании.

Покрај сопствените дигитални канали, Бимилк постојано остварува и партнерства со успешни онлајн-медиуми и платформи со цел заедничка промоција и пласман на содржини. Една од најуспешните дигитални активации на Бимилк е во рамките на кампањата „Најди Баланс“, односно соработката со порталот за рецепти Jademe.mk., каде што Бимилк има своја секција преку која потрошувачите имаат можност да пласираат свои омилени рецепти и комбинации кои за нив претставуваат балансирана исхрана. На овој начин се остварува одлична двострана комуникација со корисниците, која воедно ги поттикнува да размислуваат дека секогаш имаат избор подобро да се хранат.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.