Донација на Бимилк и Тинекс

Содржината

Денеска во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битола, беше врачена донацијата од 80 јоргани и 80 постелнини од акцијата „Хуманоста е важна“ на БИМИЛК и ТИНЕКС.

Со акцијата која траеше од 10-ти февруари до 10-ти март оваа година, од секое продадено БИМИЛК млеко во маркетите на ТИНЕКС, се издвојуваа средства кои достигнаа до износ од вкупно 150.000 денари. Од нив се обезбедија материјални добра и помагала, во рамномерен износ, за двете јавни установи – Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битола и Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“ од Скопје.

„Нашата заедничка цел е да помогнеме во создавањето на што подобри услови за живот и развој на лицата со посебни потреби. БИМИЛК покрај тоа што е синоним за здравото и квалитетно млеко и здравата исхрана, има за цел постојано да создава нови можности за хуманитарни акции и за јакнење на свеста кај граѓаните и институциите за нивното значење“, изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк.

На претставниците на БИМИЛК и ТИНЕКС им беа доделени благодарници од страна на директорот на Заводот за рехабилитација на децата со оштетен слух „Кочо Рацин“ – Битола, Илија Насевски, кој истакна дека децата од оваа установа имаат двојна причина за радост – од една страна донацијата, а од друга страна стекнувањето на двата нови вредни пријатели и поддржувачи на Заводот – Млекара АД Битола и ТИНЕКС.

“Ова е втора по ред донација во рамките на заедничкиот проект со Бимилк “Хуманоста е важна” и најмногу би сакале да им се заблагодариме на нашите граѓани, нашите потрошувачи кои овозможија да се оствари оваа хумана акција. Иако е втора донација во рамките на оваа акција тоа не значи и последна, ние и во иднина како општествено одговорна компанија ќе се залагаме во рамките на нашите можности и определби да помогнеме онаму каде што помошта е најпотребна” – изјави Цветанка Христовска –Главен бренд директор на Тинекс.

Под платформата „Хуманоста е важна“, Бимилк и Тинекс обезбедија средства за подобрување на животот на децата и младите со посебни потреби и во установите – ДСУ за рехабилитација и образование “Наум Охридски“ и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов“ во октомври и ноември мината година.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.