Компанијата БИМИЛК се вклучи во хуманитарната акција за помош на настраданите од поплавите во подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина. Во наредните два дена преку Црвениот крст на Република Македонија, БИМИЛК ќе испрати 19.000 сокови БИФРУТ, односно вкупно 5 тони сок до загрозените подрачја.
По вестите за природната катастрофа која го опфати регионот, БИМИЛК веднаш се активира во насока на помош на настраданите лица. Следејќи ги насоките и апелите на хуманитарните организации на погодените држави и апелот на Црвениот крст на Република Македонија, помошта во храна е на врвот од најпотребните артикли. Оттука БИМИЛК ги презеде сите активности за реализација на донацијата од прехранбените артикли од својата програма – природните овошни сокови „БИФРУТ“.
БИМИЛК и понатаму ќе ги следи состојбите и развојот на ситуацијата во поплавените региони со цел навремено да одговори на сите апели за хуманитарна помош, кои ќе овозможат што полесно надминување на оваа хуманитарна непогода.