Енергија на дофат со нов вкус – Имлек Протеин шејк со ф’стак претставен на Fashion Weekend

Содржината

Додека новите трендови го обликуваат стилот на живот, Имлек го воведува својот Имлек Протеин шејк со вкус на ф’стак кој совршено се вклопува во современиот и динамичен начин на живеење. Новиот вкус на ф’стак, совршено препознатлив вкус, збогатен со млечен протеин, кој за првпат беше претставен на најголемиот моден настан во земјата – Fashion Weekend, ги изненади сите љубители на здравиот и активен живот.

Имлек протеин шејкот со ф’стак, не е само вкусен, туку и моќен извор на протеини и затоа е совршен придружник за секој кој се залага за активен и здрав начин на живот. Содржи вистинско богатство од 30 грама протеин од 100% млечно потекло и ја обезбедува совршената доза на енергија и хранливи материи за целиот ден. Протеините се поддршка за мускулите при интензивен тренинг и помагаат за достигнување на саканите фитнес цели.

Имлек протеинскиот шејк е без лактоза и без шеќер, што го прави одличен избор, што го прави идеален за освежување и за опоравување на мускулите по физичка активност и за одржување на енергија во текот на денот. Искористете ја силата на протеините и уживајте во секој момент со Имлек Протеин шејк!

Имлек протеин шејк со вкус на ф’стак беше дел од престижната атмосфера на Fashion Weekend како официјален пијалок на настанот, каде гостите и учесниците на скопскиот Fashion Weekend беа први што имаа можност да го вкусат новиот шејк од ф’стак. Реакциите на присутните, кои го пробаа, само потврдија дека е создаден вистински победник. Производот е достапен во практично пакување од 300ml и истиот ќе биде достапен во маркетите од 01.11.2024.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.