Голема донација на Млекара АД Битола за помош на погодените од катастрофалното невреме во Скопје

Содржината

Млекара АД Битола донира еден шлепер со Битолско трајно млеко  и 4.000 кг. Битолско овчо сирење за поддршка на населението погодено од поплавите кои го зафатија Скопје.

Во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, преку заедничко планирање и дефинирање на потребите на населението во најпогодените населби, донацијата од Бимилк ќе се дистрибуира до оние на кои им е најпотребна.

„Ова се навистина тешки моменти, особено за оние граѓани кои директно беа погодени од поплавите во Скопје.  Сочувствуваме со сите оние кои загубија свои блиски. Мора сите да се мобилизираме и активираме за да помогнеме на луѓето чии домови се уништени и им се одземени основните услови за живот. Само со заеднички напори можеме да ги пребродиме овие исклучително тешки времиња, кои искрено се надеваме нема да се повторат.“ – изјави Полексена Ристеска, Маркетинг менаџер во Бимилк.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.