Гратис количина на омилените млечни производи на сите генерации!

Содржината

Млечните производи се значаен дел од секојдневната исхрана, но многу поважно е тоа што со секојдневната консумација нѐ снабдуваат со најважните нутриенти. Млекото, јогуртот и киселото млеко нѐ снабдуваат со протеини, калциум, магнезиум, како и железо, јод, калиум и цинк кои се многу важни за организмот. Исто така се многу важен извор на аминокиселини. Со сите овие состојки влијаат на дигестивното здравје и на воспоставување баланс во гастроинтестиналните процеси, но и значително помагаат во јакнење на имуниот одговор на организмот. Освен снабдувањето на нашиот организам со некои од најважните состојки за здрав и силен организам, кај млечните производи многу често вкусот е исто така пресуден за да сме толку приврзани и секој оброк да биде дополнет со млеко, јогурт или кисело млеко, во секаква комбинација. Заради ваквите придобивки млечните производи се омилениот дел од секојдневната исхрана и тоа за сите генерации.

Одличниот вкус и континуираниот квалитет на кисело-млечните производи од Бимилк се причина за токму тие да се најкупуваните и најбараните млечни производи и дел од секој оброк на повеќе генерации. 

Како одговор на зголемената потреба на граѓаните за млечни производи посебно во време кога куповната моќ е значително намалена, Бимилк ја создаде кампања „Повеќе омилен вкус“ со која што најпродаваните млечни производи сега се достапни во поголемо пакување, по истата цена како фамилијарните пакувања. Со кампањата  се опфатени Битолски јогурт сега со плус 250г, Битолски густ јогурт со плус 250г, Баланс+ со плус од 250г и Битолско кисело млеко со плус 80 грама.

Кампањата „Повеќе омилен вкус“ е начин на Бимилк да ги награди потрошувачите со она што навистина им е потребно во овој момент. Оваа е активност на вистински општествено одговорна компанија и еден од начините да се покаже грижата за потрошувачите во времиња кога е најпотребна.

Оваа понуда може да се искористи со посета на најблиската продавница во која ќе го најдете омилениот вкус на јогурт и кисело млеко. Истата трае уште една недела, се до потрошување на количините во маркетите.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.