Поддршката од брендот Имлек Протеин овозможи многу забава и повеќе енергија за сите учесници на седмата традиционална трка на 10км „Скопје трча”. Имлек протеин спортската зона беше местото на најинтересните случувања каде спортистите после трката се снабдуваа со неопходната доза протеин и си ја обновуваа енергијата, додека пак за навивачите и поддржувачите беше место за бодрење на тркачите, за забава и релаксирање. Посетителите додека ги чекаат тркачите и самите се натпреваруваа во забавни игри а и за нив имаше освежување и енергетски „буст” со протеинскиот шејк Имлек Протеин.
За сите присутни, кои имаа спортски дух за натпреварување Имлек протеин овозможи подароци за мала мотивација.
Снабдувањето на спортистите со Имлек Протеин посебно после интензивна спортска активност беше добредојдено и посебно важно затоа што протеините се потребни за градење и регенерирање на ткивата. Исцрпените мускули по напорното трчање неопходно е да бидат снабдени со протеини како основа за градење здрава и квалитетна мускулна маса.
На вчерашната трка имаше вкупно 1500 учесници кои можеа да се уверат во ефектите на Имлек Протеинот. Протеините сѐ почесто се препорачуваат од нутриционистите во исхраната на рекреативците и спортистите. Затоа што за разлика од мастите и јаглехидратите телото не чува резерви протеини кои би се користеле во случај кога има дополнителна потреба од нив, важен е оптималниот внес на протеини на дневна основа.
Имлек протеин не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1%. Со консумирање на Имлек протеин 300мл се добива загарантирана доза од 30 грама 100% чист млечен протеин. Достапен е како шејк во три различни вкуса, чоколадо, ванила и јагода, и како пудинг во две варијанти, чоколадо и ванила.
Заради големите придобивки од консумирањето Имлек Протеин, брендот и понатаму ќе поддржува спортски настани. До крај на годината следи забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици.