Исхрана без лактоза – Вкусни и едноставни рецепти

Содржината

Содржина:

  • Што е интолеранција на лактоза и што ја предизвикува?
  • Производи без лактоза кои би требало да ги имате во кујна за припрема на вкусни рецепти
  • Исхрана без лактоза – кои намирници може да содржат млеко и треба да се избегнуваат?
  • Вкусни рецепти за оброци без лактоза

Исхраната без лактоза е препорачан начин на исхрана за сите оние кои се интолерантни на млечен шеќер – лактоза.

Општо познато е дека млекото и млечните производи содржат лактоза, поради што постојат алтернативи во форма на млеко и јогурт без лактоза. Меѓутоа, дали знаевте дека различната храна што редовно ја консумираме може да го содржи и овој млечен шеќер?

Затоа, доколку сте интолерантни на лактоза, време е да почнете да ја читате декларацијата на позадината од производите кои ги купувате.

Ќе се изненадите колку од нив содржат одредена концентрација на млеко, како и лактоза.

Токму затоа, одговараме на прашањето како изгледа исхраната без лактоза, која вклучува вкусни и едноставни рецепти за оброци без лактоза, кои на едноставен начин можете да ги подготвите во вашата кујна.

Што е интолеранција на лактоза и што ја предизвикува?

Во овој текст детално разјаснивме што е лактоза и како се вари, затоа не заборавајте да го прочитате доколку ви требаат подетални информации.

Но, повторно, накратко ќе се потсетиме.

Луѓето кои се интолерантни на лактоза, не се во состојба потполно да го сварат шеќерот во млекото. Како резултат на тоа, може да дојде до појава на:

  • дијареја
  • болки во стомакот
  • гасови
  • надуеност
  • грчеви
  • гадење
  • повраќање

Интолеранцијата на лактоза настанува поради недостаток на ензимот лактаза, кој е одговорен за варењето на млечната лактоза во: апсорбирачки моносахариди, глукоза и галактоза. Повеќе за начините на утврдување на интолеранцијата, можете да прочитате во текстот: “Тест за интолеранција на лактоза”.

Производи без лактоза кои треба да ги имате во вашата кујна за припрема на вкусни рецепти

Доколку сте интолерантни на лактоза, не значи дека не можете да уживате во вашите омилени оброци.

Рецептите без лактоза подразбираат намирници без лактоза кои ќе ви овозможат да јадете со истото задоволство, без да предизвикаат несакани реакции за кои зборувавме.

Кои се тие намирници без лактоза кои треба да ги имате во вашата кујна?

Млеко без лактоза – алтернатива со исти хранливи вредности

Млечните производи без лактоза се одлична замена за регуларните млечни производи. Со нив можете да ги направите вашите омилени јадења, кои нема да предизвикаат несакани реакции.

Кога се работи за секојдневна исхрана без лактоза, доволно е во вашиот фрижидер да го имате млекото Моја Кравица без лактоза, како би го направиле вашето омилено јадење, бидејќи нема значителна разлика во однос на регуларното млеко.

Има вкус на млеко, структура и хранливи материи, како и млеко на кое сте навикнати – содржи многу важни хранливи материи, како што се: калциум, фосфор, витамин B12 и рибофлавин кои претставуваат есенцијални намирници за целокупното здравје на организмот.

Меѓутоа, кога се во прашање рецептите без лактоза треба да се има во предвид дека млекото без лактоза вообичаено е послатко од обичното.

Зошто млекото без лактоза е слатко?

Како што зборувавме во текстот погоре, лактазата, ензим кој се додава на ова млеко, така што луѓето можат полесно да го варат и апсорбираат, ја разградува лактозата на два едноставни шеќери-глукоза и галактоза. Бидејќи едноставните шеќери имаат посладок вкус од сложените шеќери, млекото без лактоза има и посладок вкус.

Иако овој факт не ја менува нутритивната вредност на млекото, можеби би требало да го имате на ум кога користите млеко без лактоза во вашите рецепти.

Поради сѐ од горе наведеното, интолерантноста на млечниот шеќер не мора да биде нешто што ќе влијае на вашите гастрономски преференци.

Заменете го редовното млеко за млекото без лактоза во омилените рецепти и многу брзо ќе заборавите на интолеранцијата на лактоза.

Јогурт без лактоза – природен пробиотик

Дали знаете дека само една чаша јогурт дневно ја задоволува околу 50% дневната потреба за калциум?

Јогуртот е природен пробиотик кој се создава со ферментација на млеко со помош на “добрите бактерии”, а содржи неколку хранливи материи кои делуваат благотворно не само на варењето, туку и на целиот организам – одличен извор е на калциум и други минерали како што се магнезиум, калиум и цинк.

Овој млечен производ содржи широк спектар на витамини кои се од витално значење за нормалното функционирање на нашиот организам, а тие се комплекс на витамини Б (Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12), А и Е.

Совршено одговара на сите вкусови – слатко, кисело, луто, солено, а како таков, тешко може да се елиминира од секојдневната исхрана.

Моја Кравица јогуртот без лактоза е идеална намирница со која ќе уживате во придобивките кои ги дава овој млечен производ и нема да се лишите од оброци за кои е потребен јогурт како една од главните состојки.

Исхрана без лактоза – кои намирници содржат млеко, па затоа треба да се избегнува?

Како што веќе напоменавме, многу од производите кои секојдневно ги консумираме, може да содржат мала количина на млеко. Посебно треба да се внимава на следниве намирници:

  • Пекарски производи
  • Слатки
  • Грицки
  • Преливи за салата
  • Преработено месо
  • Инстант мешавина од компири
  • Нудли
  • Супи
  • Житарици
  • Инстант кафе
  • Суплементи

Иако исфрлањето на млечните производи од исхраната би го елиминирало проблемот со интолеранцијата на лактоза, здравјето треба да биде на прво место, а млечните производи се важен извор на калциум, рибофлавин и витамини, па затоа не се препорачува да се елиминираат од редовната исхрана.

Важно е да се нагласи дека повеќето луѓе со интолеранција на лактоза можат да толерираат мали количини млечни производи.

Вкусни рецепти за оброци без лактоза

Бидејќи не постои лек за интолеранција на лактоза, повеќето луѓе ја контролираат со промена на исхраната, односно со подготовка на оброци без лактоза.

Еве неколку вкусни и едноставни рецепти за вашите омилени оброци без лактоза, кои можете да ги подготвите за себе, за вашето семејство или за гостите кои не толерираат млечен шеќер.

 

#1 Палачинки – кујнски класик кој сите го обожаваат

Палачинките се традиционален класик и на домашната и на светската кујна, во која уживаат и децата и возрасните.

Овој рецепт за многу вкусни и меки палачинки е едноставен, а подготовката е брза и лесна, со помош на неколку едноставни замени за вообичаените состојки.

Еве кои состојки ви се потребни за вкусни палачинки со примамлив изглед:

  • 2 јајца
  • 200 гр брашно
  • 250 мл  млеко без лактоза
  • 250 мл кисела вода
  • Малку сол
  • 1 лажица масло

Подготовка:

Изматете ги јајцата со малку сол, а потоа додадете млеко, кисела вода и брашно.

Добро изматете за да не останат грутки.

Истурете лажичка масло во тавата и загрејте ја на умерена температура.

Истурете го тестото врз тавата со кутлача (црпалка), за да го покриете дното.

Кога рабовите ќе почнат да се раздвојуваат, свртете на другата страна и печете до 20 секунди.

Тестото за совршени палачинки е подготвено и спремно да се премачка со вашиот омилен намаз. Ќе напоменеме дека огнот на кој се пече не смее да биде премногу силен, затоа што тогаш палачинките ќе се залепат и ќе станат перфорирани.

#2 Јогурт крофни –  незаменлив деликатес на секоја трпеза

Можеби и не постојат слатки што се толку популарни во целиот свет како што се крофните. Секако дека крофните ја немаат без причина титулата „кралот на слатките“, а  секоја домаќинка ги подготвува на свој начин, од кој ниту еден не е погрешен.

Вкусни и едноставни рецепти за јадења без лактоза не можат да бидат комплетни без крофните со јогурт. Се подготвуваат брзо, сите ги сакаат, а превкусни се и следниот ден.

Еве ги состојките кои ви се потребни за да направите крофни со јогурт:

  • 500 гр брашно
  • 2 лажици сув квасец
  • 2 јајца
  • 2 лажици масло
  • 1,5 дл млака вода
  • 1,5 дл јогурт без лактоза
  • 2 лажици шеќер
  • малку сол
  • 2 лажици масло
  • По потреба шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Во млака вода додадете квасец, шеќер, малку брашно и почекајте 5 минути.

Додадете: јајца, масло, сол, јогурт без лактоза и постепено додавајте брашно, а потоа замесете помеко тесто.

Истурете го маслото во сад, ставете го тестото и оставете го да нарасне.

Со чаша направете помали или поголеми крофни по желба.

Посипете ги со шеќер во прав.

#3 Мафини – бисквит за прослави

Мафините често се служат на роденденски забави, журки, свадби и слични прослави и  обично се случува многу брзо да исчезнат!

Еве ги состојките, потребни за да се направат идеални мафини за сечиј вкус:

  • 2 шољи од 2 дл јогурт без лактоза
  • 2 шољи од 2 дл кристален шеќер
  • 3 јајца
  • 1 портокал или лимон, по желба
  • 3 не полни шољи од 2 дл брашно
  • 1 ќесичка прашок за пециво
  • ½ шоља од 2 дл масло
  • 1 ќесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Добро изматете ги јајцата и шеќерот.

Додадете кора и сок од лимон или портокал, па продолжете со матењето.

Додадете брашно, масло и путер.

Печете на 180°C од прилика 25 минути.

По желба посипете со шеќер во прав со додавање ванила.

#4 Кифлички  – добар почеток на денот

Кифличките на маса отсекогаш биле идеални за добар почеток на денот, бидејќи тие практично се синоним за појадок.

Постојат различни варијации на кифлички, како солени, така и слатки, но ние се определивме за стандардните кифлички, чие тесто е толку вкусно што нема да имате потреба од никаков намаз внатре.

Состојките кои ви се потребни за подготовка на меки кифлички се:

  • 1 кг брашно
  • 500 мл млеко без лактоза
  • 300 мл масло
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 50 гр свеж квасец
  • ќесичка сусам

 

Подготовка:

Во млако млеко ставете го квасецот и прстофат од сол и шеќер.

Во сад соединете ги: маслото, јајцата, шеќер и сол, а потоа додадете го млекото со надојдениот квасец.

Месете го тестото со брашно и оставете го 30 минути да одстои.

Поделете го тестото на три дела, развлечете го секој дел посебно со сукало со дијаметар 45 см. Исечете на дванаесет еднакви делови, или на 16, доколку сакате помали кифлички.

Свиткајте го тестото во кифлички, наредете ги на тава за печење и оставете 30 – тина минути на топло место.

Кифличките премачкајте ги со изматените јајца и посипете ги со сусам.

Печете ги кифличките во загреана рерна на 200°C, околу 18-20 минути.

 

#5 Мрзелива “лења” пита – рецепт за брз десерт

Дали сте знаеле дека мрзеливата пита го добила името поради нејзината лесна подготовка?

Оваа пита постои уште многу одамна и обично се прави со јаболка, како што налага оригиналниот рецепт, иако денес постојат различни варијации кои можат да вклучуваат: цреши, боровинки, па дури и ананас. Одлуката е ваша!

За да подготвите мрзелива пита според оригиналниот рецепт, потребни се следниве состојки:

  • 3 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша масло
  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша јогурт без лактоза
  • 1 прашок за пециво
  • 1 кг излупени јаболки
  • 2 лажици масло
  • шеќер – по желба
  • 2-3 лажици гриз

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200°C.

Во еден сад изматете: 3 јајца, шеќер, масло, брашно, јогурт и прашок за пециво.

Изматете ги состојките добро и направете тесто, па изренданите јаболка издинстајте ги со 2 лажици масло.

Додадете: гриз, шеќер и цимет по желба.

Истурете половина од тестото во подмачкана тава и печете неколку минути.

Ставете го филот, па прелијте го другиот дел од тестото над филот.

Кога питата ќе се испече, посипете со шеќер во прав и исечете ја на коцки.

Наведовме само некои од рецептите што им се допаѓаат на повеќето луѓе, и како што можеме да забележиме од приложеното, исхраната без лактоза не мора строго да се прилагоди, дури и ако не толерирате млечен шеќер.

Како компанија, секогаш се трудиме да ви го обезбедиме најдоброто за вашата семејна трпеза, така што нашите намирници без лактоза – млекото и јогуртот без лактоза на Моја Кравица се одлична замена за нашите редовни млечни производи, што можете консумирате без страв од непријатните симптоми на интолеранција на лактоза.

Пробајте некој од нашите препорачани рецепти и споделете го вашето мислење со нас.

Ви посакуваме пријатен оброк!

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.