„Јогуртизирај се” со Битолски Јогурт за посвежи летни денови

Содржината

Со желба да се разладат посетителите на Охрид и Дојран за време тропските летни горештини, како и да се едуцираат за освежувачкото дејство на Битолскиот Јогурт, Бимилк деновиве ја организира акцијата „Јогуртизирај Се“.

Веќе стотици посетители на нашите главни летни одморалишта го сретнаа уникатното „Јогуртизирај се“ возило и имаа можност да се освежат со вкусниот Битолски Јогурт. Многумина од нив и се сликаа со фамозните мустаќи од јогурт и ги споделуваа своите креативни фотографии на социјалните мрежи со хаштагот #ЈогуртизирајСе.

Во долгите и топли летни денови кога термометарот достигнува повеќе од 30 степени, препорачливо е да се внесуваат поголеми количини на течности и лесна храна.  Идеални прехранбени продукти во овој период од годината се млечните производи, а особено млекото и јогуртот, поради тоа што делуваат лесно и освежувачки. Затоа ја организираме акцијата „Јогуртизирај се“, за да ги едуцираме граѓаните за благопријатното дејство на Битолскиот Јогурт и да им го разладиме жешкото лето“ – изјави Полексена Ристеска, Маркетинг Менаџер на Бимилк.

Акцијата продолжува до крајот на неделава во Охрид, а сите оние кои ќе го сретнат возилото „Јогуртизирај Се“, имаат можност и да се приклучат на фото-натпреварот со хаштагот #ЈогуртизирајСе и да добијат вредни награди.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.