Тоа што сме буквално задоени со млеко и тоа што барем до првите три години од животот, голем дел од исхраната е базирана на млекото, ја покажува улогата на млекото во развојот на организмот. Со својот состав млекото влијае врз многу витални процеси во организмот. Како извор на мноштво хранливи елементи кои се од исклучителна важност за развојот и благосостојбата на телото, млекото е целосно здрав напиток за сите возрасти. Една од најзначајните улоги на млекото е дека е извор на минералот калциум, којшто е одговорен за градбата на коските и забите. Само една чаша млеко дневно го снабдува организмот со 20% од дневните потреби од овој минерал. И другите состојки од млекото имаат свое влијание врз состојбата и цврстината на коските, како фосфорот, калиумот, протеините, витаминот К2. Сите овие хранливи материи се важни за одржување на силни и здрави коски, а млечните протеини се клучна хранлива материја за здравјето на коските. Протеините од млекото во сооднос 20 проценти сурутка и 80 проценти казеин, имаат и дополнителна функција. И двата вида се високо квалитетни протеини, но сурутката е позната како „брз протеин” затоа што брзо се разградува во аминокиселини и се апсорбира во крвотокот. Овие аминокиселини се особено корисни за градење на мускулите, спречување на губење на мускулната маса и обезбедување енергија.
Млекото е извор и на калиум, којшто пак помага при регулирање на крвниот притисок. Калиумот ги релаксира ѕидовите на крвните садови, го намалува крвниот притисок и штити од грчеви во мускулите. Во една чаша млеко може да има од 300 до 400мг калиум.
Млеко чиј состав е збогатен со витамин Д, како што е Свежото битолско млеко збогатено со Д3 или Битолското млеко со 10 витамини, каде освен Д има уште 9 неопходни витамини, е посебно корисно затоа што на телото суштински му е важен витаминот Д за да го апсорбира калциумот. А доколку организмот нема дополнителен извор на доволно калциум, го црпи калциумот од складираните количини во скелетот односно коските, што ја ослабува постојната коска и спречува формирање на силни, нови коски.
Покрај овие клучни функции, млекото збогатено со витамини влијае и врз одржување здрави црвени крвни клетки и нервното ткиво со помош на витаминот Б12, одржување на здрав имунолошкиот систем преку Б6, одржување на нормалниот вид и здрава кожа преку витаминот А, претворање на храната во енергија со помош на витаминот Б2. Витаминот Б5 помага за регенерација на телото и надминување на заморот, а Б3 дава енергија и сила за сите предизвици кои ги носи денот.