Кој ти е најголемиот предупредувачки знак кога одиш на кафе состанок?

Содржината

Првиот coffee date понекогаш кажува многу повеќе отколку што очекуваме. Како се однесува некој со келнерот, дали доцни, колку често го проверува телефонот, дали разговорот тече природно… или, едноставно, што ќе нарача.

„Ако нарача пина колада…“ За некого ова е само шега, за друг сосема валиден red flag. Затоа што сите имаме свои мали правила кога станува збор за прв состанок – и детали што можат да одлучат дали ќе има и второ кафе.

Токму ваквите ситуации од секојдневието на младите се во фокусот на Nera Talks – серијал на Студентарија.мк и NERA Caffè, кој ги отвора темите за кои младите и онака разговараат кога ќе седнат на кафе.

Низ пет кратки и динамични видеа, млади, урбани лица отворено и без многу филтри зборуваат за состаноци, навики, ставови и секојдневни дилеми во кои лесно можеме да се препознаеме. Со својот непосреден пристап и близина до младата публика, Студентарија ги пренесува овие разговори во формат близок до секојдневието на младите.

А кафето? Тоа природно е дел од разговорот.

Затоа што coffee date не е само кафе. Тоа е повод да забавиме, да се запознаеме, да размениме ставови и да откриеме дали сме на иста бранова должина. Понекогаш е на маса, понекогаш во движење, на прошетка или кратка пауза во градот – а NERA Caffè природно станува дел од тие спонтани моменти.

Во едно од првите Nera Talks видеа, темата се оние мали – или не толку мали – red flags што ги забележуваме уште на првиот состанок. Од односот кон другите и навиките со телефонот, па сè до она фамозно: „Ако нарача пина колада…“

А тебе, кој ти е најголемиот red flag на прв coffee date?

Ова е само еден од разговорите што ги отвора Nera Talks – затоа што со добро кафе секогаш има тема за уште еден муабет.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.