„Ај на едно кафенце“ звучи како краток и едноставен договор. Но, сите знаеме како оди тоа – едно кафе лесно станува две, три… затоа што кога има многу за раскажување, едно едноставно не е доволно.
Токму таков разговор се отвора во третата епизода на Nera Talks – серијал на NERA Caffè и Студентарија.мк , кој ги носи оние секојдневни теми и ситуации во кои лесно се препознаваме.
Овојпат прашањето е едноставно: што всушност се зборува кога ќе се седне „на едно кафе“?
Сте биле излезени претходната вечер, нешто се случило, некој нешто кажал или направил, а следниот ден? Секако дека следува целосна анализа на настаните. Со кафе, нормално.
А кога разговорот ќе заличи на озборување, секогаш може да добие малку посериозно име. Во оваа епизода тоа е – „билдање критичко мислење“.
Од first dates и red flags, преку утринските правила, па сè до муабетите што од едно кафе преминуваат во уште едно, Nera Talks продолжува да ги отвора темите што природно доаѓаат со кафето.
Затоа, следниот пат кога некој ќе предложи „ај на едно кафенце“, можеби е подобро да не правите планови веднаш потоа. Едно кафе ретко останува само едно.
А кај вас, колку кафиња трае „ај на едно кафенце“?
