Бимилк организираше кулинарски предизвик за своите вработени по повод кампањата за Битолска павлака “Секој ден, нов рецепт”, кој беше исполнет со радост, креативност и позитивна енергија. Вработените ги покажаа своите кулинарски вештини, создавајќи оброци подготвени со Битолска павлака и го обоија месецот во црвена боја. Кулминацијата на настанот беше заедничката дружба, каде што сите учесници ги открија највкусните рецепти и уживаа во моментите на споделена креативност и забава.
Вработените на Бимилк заеднички дегустираа рецепти подготвени со Битолска павлака на сите три локации – Битола, Кисела Вода и Петровец во Скопје. Од салати, сосови, кифлички, па сè до главни јадења, солени кекси, куглоф и други разни десерти, вработените подготвија најразлични видови оброци и ја споделија тајната која се крие зад секој од рецептите.
„Битолска павлака со својот богат вкус и кремаста текстура е една од оние состојки што секое јадење го прави посебно. Беше уживање да се биде дел од настан каде токму нашите производи нѐ инспирираа и нѐ поттикнаа да експериментираме и да создаваме незаборавни вкусови и моменти. Секој рецепт е можност за креација и радост за сетилата. – изјави Лилјана Кузевска Толевска, менаџер за план и анализа во Бимилк која беше вклучена во предизвикот.
Битолска павлака е совршен избор за секоја пригода. Вработените ја покажаа својата креативност, а воедно уживаа во приготвувањето на секој рецепт! Голема благодарност до сите вработени кои се вклучија: Лилјана Кузевска Толевска, Марија Дојошевска, Јасминка Грбевска, Рената Димовска, Димитрие Вангеловски, Елена Петковска, Игор Ивановски, Полексена Јанкуловска, Маја Велевска Литовска, Андреа Тили, Мартина Петровска, Александра Гроздановска, Ирена Велјановска, Марија Пејчиновска, Павлинче Спасеска, Тијана Апостоловска, Лилјана Танчевска, Тања Штерјова, Катерина Костовска, Андријана Стојановска, Николета Чешмеџиска, Нино Сидовски, Славко Станчев, Игор Анчев, Марија Деспотоска, Силвана Божиновски, Теона Илиевска, Сара Митовска.
Во моментот активна е кампања за Битолска павлака „Секој ден, нов рецепт”, чија цел е промоција на сите видови прилики каде што може да се комбинира Битолска павлака. На секое капаче на Битолска павлака поставен е QR код кој ве носи во магичниот свет на разни вкусови збогатени со млечниот вкус на Битолска павлака. Бимилк својата база на рецепти ја гради уште од 2018 година, кога започна првата кампања „Омилена со секој оброк“, а денес брои над 60 рецепти: https://bimilk.mk/recepti/omileni-recepti-so-bitolska-pavlaka/