Малите навики прават разлика: Баланс+ отвора разговор за животот „Во рамнотежа“

Содржината

Со нов поткаст посветен на дигестивното здравје, Баланс+ поттикнува разговор за исхраната, секојдневните навики и грижата за себе.

Оброк набрзина, уште една одложена пауза и ден исполнет со обврски. Во забрзаното секојдневие, колку време навистина одвојуваме за себе и за навиките што ни помагаат да се чувствуваме добро? Токму од ова прашање започнува новиот поткаст-серијал „Во рамнотежа“, преку кој Баланс+ нè поттикнува да посветиме повеќе внимание на рамнотежата во секојдневието.

Инспириран од пораката „Рамнотежата започнува од стомакот“, поткастот отвора теми поврзани со дигестивното здравје, исхраната и секојдневните навики. Преку разговори со стручни соговорници, серијалот нуди корисни информации и практични совети што нè потсетуваат дека грижата за себе започнува со мали, но доследни избори.

Во првата епизода гостува нутриционистката Александра Пренџова, која отвора интересно прашање: зошто емоциите толку често ги чувствуваме токму во стомакот? Од „пеперутки во стомакот“ до дигестивни непријатности во стресни ситуации, разговорот ја открива сложената поврзаност меѓу цревата и мозокот и објаснува како нашите емоции можат да влијаат врз варењето.

„Кога велиме дека стомакот е нашиот втор мозок, тоа не значи дека буквално имаме втор мозок во стомакот. Тоа е метафора за сложената комуникација помеѓу дигестивниот и нервниот систем“, објаснува Пренџова.

Но што навистина можеме да направиме за нашето дигестивно здравје? Дали се потребни големи промени или разликата ја прават малите навики што ги повторуваме секој ден?

Пренџова се осврнува и на цревниот микробиом, истакнувајќи ја важноста на разновидната исхрана, растителните влакна и постепеното усвојување здрави навики. Во разговорот посебно внимание им посветува на пробиотиците и пребиотиците, објаснувајќи ги разликите меѓу нив и нивната улога во исхраната. Таа нагласува дека не сите пробиотски микроорганизми имаат ист ефект и дека е важно да се земат предвид индивидуалните потреби.

Токму во тоа е и суштината на рамнотежата – не во совршените оброци или строгите правила, туку во малите избори што постепено стануваат дел од нашето секојдневие. Како дел од разновидната исхрана, Баланс+ јогуртот со пробиотски култури може лесно да се вклучи во секојдневното мени – за појадок, како ужина или како дополнување на оброкот.

Првата епизода со Александра Пренџова е само почеток на поткастот „Во рамнотежа“, преку кој Баланс+ ќе продолжи да отвора интересни и корисни теми, со нови гости и практични совети. Понекогаш токму малите промени прават најголема разлика.

Погледнете ја целосната прва епизода од поткастот „Во рамнотежа“ на YouTube каналот на Бимилк:

https://www.youtube.com/watch?v=b55CAXZx45s

Баланс+ – Рамнотежата започнува од стомакот.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.