Моја Кравица ја започна „Потрагата по највкусниот залак“ – следуваат уште изненадувања за сите љубители на вкусната храна

Содржината

Со многу креативност, вкусни рецепти и натпреварувачки дух, во тек е „Потрагата по највкусниот залак“, новиот предизвик на Моја Кравица.
Пет инфлуенсери, пет различни рецепти и една цел – да се освои публиката со највкусниот залак. Во своите рецепти, инфлуенсерите готват со Моја Кравица павлака за готвење и Моја Кравица путер, создавајќи вкусни комбинации инспирирани од нивниот стил и креативност.

Со производите на Моја Кравица, рецептите добиваат дополнителен кремаст и богат вкус, без разлика дали станува збор за солени јадења или слатки десерти, а дел од инфлуенсерите токму преку торти и благи рецепти ќе ја покажат својата креативност во предизвикот.

Во предизвикот учествуваат добро познатите креатори на содржина Давор Панчевски (daveskitchenofficial), Марија Кочовска (kocovska.marija), Бранко Поповски (cookingwithbranko), Мартина Симјановска (martinascookingg) и Наталија Деспотовска (natalicooking), кои преку свои оригинални рецепти ќе се натпреваруваат за поддршката од публиката.

Натпреварувачите, петте инфлуенсери приготвија рецепти врз основа на избор предложен од публиката, и токму публиката ќе одлучи за победникот во овој единствен, но вкусен предизвик. За победникот се гласа на видео рецепти објавени од натпреварувачите на нивните профили на социјалните мрежи. Видеото со најмногу лајкови на Инстаграм ќе биде победник. Гласањето трае до 19 мај.

Покрај гласањето, во периодот што следува публиката ја очекуваат уште многу изненадувања и интересни активности поврзани со предизвикот. Затоа, љубителите на добрата храна се повикуваат внимателно да гo следат профилот на Моја Кравица – imlekmk на социјалните мрежи и да бидат дел од „Потрагата по највкусниот залак“.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.