Може ли Gen Z да преживее без кафе?

Nera talks
Содржината

Да се замисли денот на Gen Z без кафе е речиси невозможно. Кафето едноставно секогаш наоѓа свое место во него.

Токму односот на Gen Z генерацијата кон кафето е во фокусот на петтата епизода од Nera Talks – серијал на Студентарија.мк и NERA Caffè, кој ги отвора секојдневните теми и навики во кои лесно се препознаваме.

Сè започнува со една необична мисла: како се чувствувал првиот човек што пробал кафе и како воопшто дошол до идејата да го подготви? Денес можеби не размислуваме често за неговото потекло, но добро знаеме дека кафето има свое место во речиси секој дел од денот.

Првото најчесто го пиеме дома, следното во друштво, а уште едно ни помага полесно да го задржиме фокусот на работа. За некого тоа секогаш е ладно кафе, без разлика дали надвор грее сонце, врне или вее.

Секако, тука се и фотографиите за Instagram. Понекогаш кафето изгледа толку добро што мора да се фотографира пред да се испие. Но, не секогаш успеваме да се воздржиме, па во галеријата завршуваат и фотографии од веќе испиено кафе.

А може ли Gen Z да преживее без кафе? Одговорот е категоричен: Gen Z без кафе е мит. Без разлика дали е првото кафе дома, паузата на работа или ладното кафе во движење, тоа останува неизоставен дел од секојдневието.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.