Денес во ресторанот Déjà vu Бимилк го претстави првото функционално свежо млеко на пазарот, Баланс+. Производот е наменет за сите оние кои се трудат да водат активен животен стил и во својата исхрана да внесат колку може повеќе здрава храна полна витамини и хранливи состојки.
Баланс + свежото млеко ги обединува здравствените придобивки од консумирање на свежо млеко и пребиотик инулин, состојка која помага во процесот на варење на храната и го забрзува метаболизмот. На дејството на пребиотик инулинот се должи чувството на леснотија преку целиот ден кое се добива со редовно користење на Баланс+ производите.
Богатиот вкус на свежото млеко и ниската маслесност од само 1% млечна маст го прават Баланс+ свежото млеко одличен избор за доручек секогаш кога сакаме свеж и вкусен почеток на денот.
Практичните пакувања од 750мл. веќе се достапни во супермаркетите низ целата земја. Баланс+ свежото млеко нема потреба да се вари пред консумирање, за зачувување на неговата свежина доволно е да се чува во фрижидер и да се користи во рок од три дена по отворање на пакувањето.