Млекара АД Битола го проширува своето портфолио со лансирање на новиот бренд NERA CAFFE кафе во чаша, наменето за потрошувачи кои бараат практичен и вкусен напиток за секој дел од денот.
NERA CAFFE доаѓа во два вкуса – капучино и макијато, осмислени за да понудат избалансиран и пријатен вкус, идеални за уживање во секој момент и на секое место. Производот е подготвен за консумација, што го прави совршен избор за современ, динамичен начин на живот.
NERA CAFFE доаѓа во атрактивно пакување, наменето за сите оние што уживаат во вкусни и брзи кафе-моменти.
Со лансирањето на брендот NERA, дополнително ја потврдуваме својата посветеност на иновациите и развојот на производи во согласност со потребите на современите потрошувачи, носејќи ново освежување во категоријата кафе во чаша.
