Охрид затрепери од детска енергија – Моја Кравица дел од „Охрид трчаТ“

Содржината

Охрид повторно затрепери од детски чекори, смеа и радост! Манифестацијата „Охрид трчаТ“ и оваа година го потврди своето место како еден од најубавите спортски настани, а Моја Кравица беше горд поддржувач на оваа незаборавна авантура. Настан што од година во година собира сè повеќе насмевки и детска енергија.

Над 550 првачиња од Охрид и Дебарца беа дел од трката со безгранична детска енергија, а атмосферата на стадионот „Билјанини извори“ беше исполнета со аплаузи и насмевки. Зашто кога трчаат деца, секој финиш е триумф. Трката е од ревијален карактер и секое дете што беше дел од трката си замина дома со медал финишер и со голема насмевка на лицето.

Охрид трчаТ детска трка 2026 за нас не е само спортски настан, туку обврска и влог за младите генерации. Гледајќи ги, слободно можам да заклучам дека денешниот ден за децата беше празник – празник на детската насмевка, енергија и заедништво. Најмладите уште еднаш покажаа дека спортот е потреба за создавање на здрави навики, нови пријателства и убави спомени. Нашата цел е секое прваче да се почувствува како победник и гордо да биде дел од оваа наша Охрид трчаТ приказна.

Голема благодарност до Бимилк за поддршката и препознавањето на важноста од вложување во детскиот спорт, здравиот развој и среќата на најмладите. Ваквите партнерства се клучни за да продолжиме да создаваме позитивни искуства и мотивирачка средина за идните генерации.“изјави Иван Цветкоски, претседател на Атлетскиот клуб „Охрид трчаТ“.

Моја Кравица и оваа година беше верен пријател на најмладите рекреативци. По финишот, секој мал спортист беше пречекан со освежувачко чоколадно млеко Моја Кравица – идеален другар по трката, богат со вкус и полн со задоволство.

Зашто Моја Кравица не е само млеко. Тоа е дел од секој убав момент во детството, во спортот, во играта, во секојдневието. Секоја трка, секој медал, секоја насмевка Моја Кравица е таму. Како бренд кој е дел од активното детство, Моја Кравица продолжува да ги мотивира децата да бидат активни, среќни и полни со енергија секој ден.

До следната трка трчајте, смејте се и пијте Моја Кравица!

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.