Работниците што работат во трета смена изненадени со „Флерт Кафица“

Содржината

Кафето го консумираме за да се разбудиме, да се освестиме и свежи да го почнеме новиот ден. Но, што е со оние што мора да работат во трета смена и да ја поминат ноќта концентрирани на работните задачи?

Во насока на будење на граѓаните на кои тоа им е најпотребно, но и по повод лансирањето на новите производи „Флерт Кафица“, Бимилк вчеравечер на неколку локации во Скопје ги изненади работниците што работат во трета смена со новиот производ, кој е вистинско кафе со силна доза кофеин и висококвалитетно млеко.

Имено, работници од неколку различни профили, како што се чувари во градинарски и бизнис-центри, таксисти, диспечери во такси-компании и работници што работат на асфалтирање на скопските улици, во вечерните часови беа изненадени од промотивниот тим на Бимилк. Под мотото „Таа те буди“, им беше понуден еден од трите вкуса на „Флерт Кафица“: еспресо, макијато и капучино.

„Ова е тоа што ми требаше во овие доцни вечерни часови. Нешто што ќе ме размрда за полесно да ја поминам вечерта. По ’Флерт Кафица‘, дефинитивно, ќе останам буден до разденување“, ни изјави еден од чуварите вклучени во промоцијата.

Друга изјава што ја добивме од еден од работниците, кои вредно работат на асфалтирање на скопските улици, беше: „Ретко кој помислува на оние што работат во трета смена. Посебно на нас, физичките работници. Браво за идејата и благодариме за вниманието!“

Трите вкуса од новите производи „Флерт Кафица“ се достапни во практично пакување од 330 мл и претставуваат совршено освежување за сите оние што се во движење, придонесувајќи за подобрување на концентрацијата и за дополнителна енергија на организмот.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.