Собрани средствата од големата донаторска акција „Хуманоста е важна“

Содржината

Денес се заокружи големата донаторска акција на Бимилк и Тинекс под мотото „Хуманоста е важна“, од која за помош на децата и младите со посебни потреби се собраа 152.942,00 денари. Собраните средства ќе бидат рамномерно искористени за купување на материјални средства и помагала за подобрување на животот на децата и младите со посебни потреби во Заводот за деца и млади “Топанско поле“ – Скопје и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“ од Битола.

Акцијата која започна на 10.02.2014 и траеше сè до денес, овозможи од секое продадено Битолско трајно млеко во Тинекс маркетите низ целата држава (Битолско млеко 3,2%, Битолско млеко 2,8%, Битолско млеко со 10 витамини или Битолско light млеко 0,9%), да бидат издвојувани средства наменети за хуманитарна донација и тоа за јавни установи или ранлива категорија на граѓани.

Ова е уште една во редот на хуманитарните активности под платформата „Хуманоста е важна“, преку која Бимилк и Тинекс минатата година обезбедија средства за подобрување на животот на децата и младите во установите – ДСУ за рехабилитација и образование “Наум Охридски“ и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов“.

„Колку чинот на помагање го практикуваме во текот на целата година“ – е прашањето кое ги покрена двете домашни компании Бимилк и Тинекс за почетокот на иницијатива која со текот на времето се повеќе ќе се проширува. Се работи за нов пристап кон прашањето за хуманоста и чинот на хуманост, а тоа е дека треба да бидеме хумани преку цела година.

„Како општествено одговорна компанија, како и досега така и понатаму, ќе бидеме насочени кон пронаоѓање начини за помош и решавање на проблемите во сите сегменти на нашето опкружување, особено за оние на кои им е најнеопходна нашата помош“ – истакна Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк за потребата од оваа хуманитарна активност.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.