Има луѓе кои веднаш по будењето се подготвени за разговор, планови и обврски. А има и такви за кои денот официјално не започнува додека не го испијат првото кафе.
„Не ми закажувајте состанок пред 9 часот.“ За многумина ова воопшто не е шега, туку мало утринско правило. Пред првото кафе нема важни одлуки, долги разговори, сериозни мејлови или прашања што бараат премногу размислување.
Затоа првото кафе често е многу повеќе од навика. Тоа е оној краток момент во кој го фаќаме ритамот на денот, ги подредуваме мислите и си земаме неколку минути за себе пред да започнат состаноците, пораките и обврските.
Токму ваквите секојдневни навики и ситуации се дел од Nera Talks – серијал на NERA Caffè и Студентарија, во кој младите отворено зборуваат за своите ставови, ритуали и мали правила што го обликуваат нивното секојдневие.
Но, што кога календарот нема разбирање за твоите утрински правила и состанокот сепак е закажан пред 9?
Тогаш првото кафе едноставно оди со тебе.
На пат кон работа, во автомобил, додека чекориш кон првата обврска или брзаш да го фатиш ритамот на денот, NERA Caffè лесно се вклопува во утринската рутина. Готово кафе во практична чаша, без подготовка и без дополнително губење време – за оние утра кога денот започнува побрзо од планираното, а од првото кафе сепак не се откажуваме.
Токму утринските ритуали се тема и на една од епизодите на Nera Talks, каде што низ искрен и забавен разговор се отвора прашањето: што е она што едноставно не го правиме додека не го испиеме првото кафе?
Затоа, ако веќе не можеш да го избегнеш состанокот пред 9, барем не мора да го прескокнеш првото кафе.
А твоето правило?
Што никогаш не правиш пред да го испиеш првото кафе?
