На 2 јуни, по повод Светскиот ден на млекото – 1 јуни, кој компанијата Бимилк традиционално го одбележува на повеќе различни начини, вработените во млекарницата учествуваа во голема акција за зачувување на животната средина и за обезбедување зелена иднина за следните генерации.
Во акцијата беа вклучени голем број вработени што, на волонтерска основа, во дворот на млекарницата засадија повеќе садници дрвја, со што компанијата уште еднаш ја покажува својата посветеност во доменот на одговорното работење, но и своето внимание кон еколошките прашања, како важен сегмент за заедницата во која дејствуваме.
Со овој чин, Бимилк, како општествено одговорна компанија, сака да ѝ обрне внимание на јавноста за значењето и за потребата од здрава животна средина, но и за посветеноста на секој еден вработен во компанијата што го живее компанискиот дух и што придонесува за општото добро на идните генерации.