Заврши „Потрагата по највкусниот залак“

Содржината

Давор Панчевски го освои првото место во вкусниот предизвик на Моја Кравица

Предизвикот „Потрагата по највкусниот залак“ на Моја Кравица успешно заврши, а публиката го избра својот фаворит.

Победник во овој вкусен предизвик е Давор Панчевски (daveskitchenofficial), чиј рецепт освои најмногу гласови и симпатии.
Во предизвикот, покрај победникот Давор Панчевски, учествуваа и Марија Кочовска, Бранко Поповски, Мартина Симјановска и Наталија Деспотовска, претворајќи ги своите идеи во вкусни рецепти, од солени јадења до слатки десерти. Рафаело тортата на Давор Панчевски се покажа како фаворит на публиката, каде Моја Кравица павлака за готвење и Моја Кравица путер совршено се вклопија, давајќи ѝ кремаста текстура и неодолив вкус. За сите што сакаат да го погледнат рецептот и начинот на подготовка на победничкиот десерт, тоа можат да го направат на следниот линк за Рафаело торта.

Публиката имаше можност активно да биде дел од кампањата, да ги следи сите рецепти, да навива за своите фаворити и на крајот да го даде својот глас за омилениот рецепт.

Со оваа активност, Моја Кравица уште еднаш ја доближи инспирацијата за готвење до своите потрошувачи, покажувајќи дека омилените производи од секојдневието можат да бидат почеток на нови вкусни приказни и моменти што се споделуваат со најблиските.

Кога производите на Моја Кравица ќе се спојат со креативност и љубов кон вкусната храна, резултатот секогаш е рецепт што инспирира.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.