Приклучи се на Facebook активацијата на Бимилк и освој викенд на Пелистер!

Содржината

Во рамките на тековната кампања за зимската едиција на Битолскиот јогурт, за оние кои сѐ уште сакаат да уживаат во зимската сезона, Бимилк подготви супер изненадување! Битолското чупе, овој пат во зимско руво, ве носи на прекрасните падини на Пелистер, а вие сѐ што треба да направите е да споделите интересни фотографии од вашите годинешни зимски авантури на Facebook страницата на Бимилк.

Најинтересната фотографија со најголем број на гласови ќе биде наградена со викенд пакет-аранжмани за целото семејство во хотел во срцето на Баба Планина, , а споделувањето фотографии ќе биде отворено сѐ до 1 февруари.

Доколку можеби не сте го забележале новиот Битолски јогурт, новите дизајни на амбалажите лесно ќе ги пронајдете. Тие го претставуваат насмеаното Битолско чупе во една зимска идила, уживајќи во зимските спортови, на скии и сноуборд, или играјќи со Снешко Белчо во снегот.

Новите дизајни на Битолскиот јогурт се аплицирани на сите формати, односно на пакувањата од 1,5 кг, 1 кг, 500 г и 250 г, а ќе бидат достапни во продажба сè до март 2019 година.

Бимилк ве повикуваат да ги споделите вашите зимски авантури со нив. За учество во предизвикот, следете го овој .

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.