Состојки
400g брашно (плус по потреба ако е меко)
1 паковка сув квасец
50ml масло
50ml Битолско млеко
1 белка
200ml Битолско кисело млеко
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
Подготовка
Во длабок сад измешајте ги сите состојки. Месете толку добро, да добиете убаво фино меко тесто. Ако лепи и имате потреба додајте повеќе брашно.
Кога тестото е готово, покријте го со најлонска фолија, па со кујнска крпа и оставете нека се дуплира. Постапката трае околу еден час.
Готовото тесто разделете го на повеќе парчиња по ваша желба.
Површината премачкајте ја со мешавина од Битолско млеко и жолчка, а потоа наросете многу сусам.
Оставете ги 10 минути во калапот, а потоа печете ги околу 25 минути.
Кога ќе бидат готови, премачкајте ги со растопен путер.