Млечните производи, а особено јогуртот, се незаменливо друштво во топлите летни денови. Тој не само што вистински нè освежува, туку ни ја дава и потребната енергија да функционираме и да се чувствуваме пријатно за време на високите летни температури.
Но, сте се запрашале ли зошто е тоа така? Ви ги издвојуваме најважните 5 причини зошто јогуртот е најдобро друштво токму во летниот период:
Освежува – Првенствено, се разбира дека најважната и основна причина е токму тоа што јогуртот нè освежува. Послужен на вистинската, идеална температура, тој го разладува целиот организам, исто како и овошјето. Но, истовремено, кога силното сонце нè прави да се чувствуваме омалаксано и уморно, јогуртот инстантно ќе ни ја даде потребната енергија и може да претставува одлична замена за лесен оброк.
Помага во борбата со вишокот килограми – Не е тајна дека во летната сезона особено внимаваме на исхраната. Присуството на калциум во јогуртот го спречува создавањето кортизол во организмот, а овој хормон, исто наречен и „хормон на стресот“, влијае врз зголемувањето на крвниот притисок и на шеќерот во крвта. Неизбалансирана количина кортизол доведува до покачување на тежината и зголемена анксиозност, па дневен внес од половина литар Битолски јогурт е доволно за да се му се спротивставиме на проблемот. Тој особено помага во согорувањето на масните наслаги и во исфрлањето на вишокот сол од организмот, а со своите карактеристики позитивно влијае врз линијата и врз крвниот притисок.
Здравствени бенефити – Зошто е важно да сме здрави токму во лето? Одговорот е едноставен: подобар имун систем ни помага полесно да ги издржиме високите летни температури што знаат да достигнат и до 40 степени. Битолскиот јогурт помага при варењето на храната, исто така за полесна апсорпција на нутритивните вредности од другата храна што ја внесуваме, понатаму во лекување на стомачните инфекции и, секако – за подобрување на имунитетот.
Одлична комбинација со секаков вид храна – Со овошје или салати, или, пак, како додаток на некое јадење – јогуртот претставува идеално решение за разладување и за освежување во топлите летни денови. Тој лесно се комбинира со секаква храна, а она што е особено важно е дека како лесна, летна и свежа комбинација, тој ќе ви биде незаменливо друштво на високите температури. Дополнително, како природен извор на калциум, минерали и витамини, Битолскиот јогурт се препорачува во секојдневната исхрана кај сите возрасти, во секое време и со секоја храна.
Секогаш во кругот на семејството – Во летниот период, особено за време на одморите, сакаме да бидеме во кругот на најблиските. Веќе е добро познато дека токму Битолскиот јогурт е секогаш во кругот на семејството. Тој ги негува семејните вредности, традицијата на семејната трпеза и нè обединува за време на оброците. А кога е тоа најважно ако не за време на летото? Затоа, соберете го вашето семејство и вашите блиски на следниот летен семеен ручек, и заедно уживајте во заедничките моменти и во богатата трпеза на која задолжително друштво ви прави незаменливиот Битолски јогурт.