Хуманитарната трка IT4Charity традиционално одржана по 5ти пат
Бимилк останува доследен во својата посветеност кон соработката со СОС Детско село Македонија, со цел да придонесе за иднина исполнета со љубов, сигурност и можности за секое дете. Со долгогодишно стратешко партнерство, Бимилк обезбедува континуирана месечна финансиска помош за СОС Детско село, придонесувајќи кон создавање стабилна основа за развој и сигурна иднина на децата. Дополнително, преку поддршка на хуманитарната трка IT4Charity, што се одржа на 20 септември и што ја обединува ИТ заедницата во заедничка хуманитарна мисија, компанијата ја потврди својата улога како симбол на солидарност и грижа за најмладите.
Целта на трката IT4Charity 2025 е да обезбеди конкретна поддршка за најранливите семејства и деца. Средствата собрани од хуманитарното случување се наменети за Програмата за позитивно родителство и зајакнување на семејствата на СОС Детско село, преку која се обезбедува поддршка за 45 семејства со социјални предизвици и се создаваат подобри можности за 120 деца изложени на ризик од губење на своето биолошко семејство.

„Веќе долг низ години сме заедно со СОС Детско село. Тоа не е само партнерство, туку и длабока врска што ја чувствуваме кон децата и нивната иднина. Веруваме дека секое дете заслужува да расте со топлина, поддршка и чувство дека не е само. Затоа за нас е важно постојано да бидеме присутни и да ја дадеме нашата поддршка за децата поддржани од СОС Детско село во секој аспект. Кога вложуваме во децата, вложуваме во иднината на целото општество. И оттука нашата улога не ја гледаме само како корпоративна одговорност, туку како човечка должност – да им дадеме надеж на оние на кои најмногу им е потребна. Со секој чекор заедно, градиме темели на подобро општество“, вели Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.
За континуираната поддршка од СОС Детско село велат: „Ни претставува особена чест што веќе неколку години имаме искрен и посветен партнер како Бимилк. Нивната континуирана поддршка им овозможува на децата поддржани од СОС Детско село да растат со стабилност, сигурност и можности за развој. Особено сме благодарни што преку спонзорството на хуманитарната трка IT4Charity, Бимилк ја потврдува својата општествена одговорност и испраќа силна порака дека заедно можеме да изградиме подобра иднина за секое дете. Со вакви партнери веруваме дека љубовта и солидарноста секогаш победуваат.“

Успехот на трката IT4Charity уште еднаш покажа дека кога луѓето се здружени околу повисока цел, резултатите се долготрајни и значајни. За Бимилк, ова претставува само уште еден чекор во долгото партнерство со СОС Детско село, кое ќе продолжи и во иднина со истата искреност и посветеност. Ова партнерство е доказ дека вистинските вредности се градат со љубов, солидарност и грижа за најмладите.
