Бимилк традиционално наградува: Лојалните и посветени вработени градат успешни компании

Содржината

Награди за посветена работа и лојалност добија 19 вработени во Битолска млекара. Компанијата традиционално ги наградува сите свои вработени кои ќе исполнат 10, 20 и 30 години континуиран стаж. Јубилејните награди за вработените кои ќе достигнат одреден период во компанијата се начин да се искаже благодарноста за досегашната посветеност, професионалност и лојалност и да се истакне нивната индивидуална и колективна вредност за компанијата.

И оваа година наградите на вработените им беа доделени на пригодна свеченост од страна на генералниот директор, Ѓорѓи Петрушев.

„Бимилк е компанија каде вработените се ценат како најголема инвестиција и нивната улога во работата на компанијата високо се вреднува. Во текот на годините секој од нив го дал својот максимален придонес, во време, знаење, вештина, професионалност и посветеност. Овој однос на лојалност во Бимилк се надградува со инвестирање во вработените за зголемување на нивното задоволство од работната атмосфера, преку мотивирање на разни начини, обуки, доквалификации и можности за развој. Наградувањето за годините посветена работа и лојалност е уште еден начин за потврдување на односот што како компанија го имаме кон вработените, а задоволните вработени и талентираните тимови создаваат успешни компании“, истакна генералниот директор Ѓорѓи Петрушев.

Како дел од програмата за стимулирање на вработените и зголемување на нивното задоволство, оваа година наградени се вкупно 19 вработени, од кои шест вработени одбележуваат 30 години работа во Бимилк, единаесет се наградени за 20 години и двајца се наградени за 10 години работа.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.