Уште еден спортски и незаборавен викенд се одржа во Охрид со настанот – Охрид трчаТ со Имлек Протеин. Оваа година учествуваа рекордни 2300 рекреативци и професионални спортисти, кои се натпреваруваа во трки на 5К, 21К и штафетен полумаратон.
Имлек протеин беше дел и од подготовките за трките, така по повод одбележувањето на Светскиот ден на млекото, Имлек протеин го поддржа и учествуваше на Warm-Up настанот на главната сцена. Многу забава, едукација и награди, а дел од Warm Up беше играта предизвик за Имлек протеин со сите прашања и одговори за главните карактеристики на Имлек Протеин. Предизвикот не беше тежок, прашањата беа лесни и забавни за одговор, имаше и по некој погрешен одговор но сега веќе го знаат точниот одговор. Сите беа наградени со производи од асортиманот на Имлек Протеин.
Трката Охрид трчаТ со Имлек Протеин беше одлично организирана, оставајќи ги сите со нетрпение да го очекуваат настанот следната година. На денот на трката Имлек Протеин ги поддржа учесниците со спортска зона, место каде секој учесник и поддржувач можеше да ја надополни својата енергетско протеинска доза со производите на Имлек Протеин – и да уживаа во вкусовите на Имлек протеински шејк и Имлек протеински пудинг. Овие висококвалитетни протеински производи беа достапни во секое време, обезбедувајќи суштинска и оптимална енергија за сите присутни. Посветеноста на Имлек Протеин за поддршка на атлетските перформанси беше очигледна, овозможувајќи им на сите да се снабдат со енергија и да ги постигнат своите цели и предизвици.
Протеините се клучни за регенерација, обновување и раст на мускулите. Протеинските шејкови на Имлек Протеин обезбедуваат брз и ефикасен начин за надополнување на вашите дневни потреби за протеини. Имлек Протеин е без додадени шеќери и без лактоза, со ниска содржина на млечни масти од само 0,1%. Секоја порција од 300 мл Имлек Протеин шејк обезбедува 30 грама чист 100% млечен протеин. Достапен во три вкуса: чоколадо, ванила и јагода. Имлек протеин, е исто така достапен и како пудинг во четири вкуса на чоколадо, ванила, солена карамела и банана.
Токму заради ваквата хранлива вредност и состав, Имлек протеин беше омилениот пијалак на сите поголеми трки минатата година каде ја даде својата поддршка. Оваа година продолжува со поддршката и секако забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици.