Моја Кравица ги исполни желбите – најсреќниот добитник патува во Дизниленд!

Maskota kravica raširenih ruku sa decom i roditeljima.
Содржината

Со насмевки, радост и вистинска магија, Бимилк го слави победникот на главната награда на националната наградна игра – „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“. Главната награда, фамилијарно патување во Дизниленд Париз, ја освои најсреќниот потрошувач Магдалена Димитриева од Кавадарци, која заедно со своето семејство ќе ужива во светот на соништата, фантазијата и авантурата, токму онаму каде што детската радост живее највистински.

Kravica maskota u krupnom planu.

Наградната игра траеше од 15 септември до 26 октомври 2025 година, а потрошувачите учествуваа со купување на кои било два омилени Моја Кравица производи – чоколадно млеко, милкшејк или пудинг, со што секоја недела имаа можност да освојат вредни награди. Во текот на шесте недели, доделени беа: 18 iPhone 15 телефони, 18 PlayStation 5 и 30 Моја Кравица пакети со производи.

Bina sa ekranom Diznilend zamka.

Извлекувањето на главната награда се одржа во присуство на стручна комисија, во Cineplexx Скопје, пред ученици, добитници и нивните семејства. Настанот беше исполнет со детска смеа и радост, а атмосферата ја збогати маскотата Моја Кравица, која беше вистинска ѕвезда на сцената. Посетителите уживаа и во мини квиз за млекото и здравите навики, заедно со омилениот водител кај најмладите Марко Новески, а денот заврши со слатки детски насмевки и чоколадни мустаќи создадени за време на проекција на анимираниот филм „Tafiti“.

Deca sa roditeljima u bioskopskoj sali.

„Со оваа наградна игра сакавме да им овозможиме на нашите лојални потрошувачи моменти исполнети со радост, блискост и семејна топлина. Моја Кравица отсекогаш била повеќе од производ – таа е дел од секојдневието, дел од семејните ритуали кои ги зближуваат генерациите. Без разлика дали станува збор за чаша чоколадно млеко наутро, пудинг после школо или милкшејк во момент на уживање, нашите производи се тука да создаваат мали радости што се паметат.

Najava pobednika na bini.

Се надеваме дека со доделените награди, ги израдувавме оние кои секојдневно ни ја даваат својата доверба, и дека уште долго ќе ги споделуваат своите најсреќни моменти со Моја Кравица. Затоа што, понекогаш, доволна е само една чаша чоколадно млеко за да се почувствуваш како дете“, изјави Маја Велевска Литовска, бренд менаџер во Бимилк.

Narandžasti balon u krupnom planu.

Бимилк и Моја Кравица остануваат посветени на создавање производи кои го негуваат вкусот на детството и ја слават радоста што произлегува од малите, но искрени моменти. Понекогаш, токму преку чаша чоколадно млеко или слатко задоволство од пудинг, се раѓаат најубавите семејни сеќавања.

Deca u bioskopskoj sali.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.