„Моја Кравица“ ги израдува првите добитници од големата наградна игра

Содржината

Најсреќните потрошувачи добија iPhone 15, PlayStation 5 и пакети со производи

Големата наградна игра „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“ веќе донесе радост во првите домови. Во рамки на првите две неделни извлекувања, најверните потрошувачи од Скопје, Штип, Битола, Кавадарци, Ресен и Куманово ги добија своите награди – модерни iPhone 15 телефони, PlayStation 5 конзоли и пакети со производи „Моја Кравица“. Со тоа, уште еднаш се потврди дека брендот кој со децении е дел од семејните моменти, сега носи и возбудливи изненадувања.

Наградната игра започна на 15 септември и ќе трае до 26 октомври 2025 година, со неделни извлекувања што секогаш носат нова доза радост и можност за вредни добивки. Главното извлекување ќе се одржи на 27 октомври, кога ќе биде извлечен најсреќниот учесник што ќе добие фамилијарно патување во Дизниленд.

За да се учествува, потребно е да се купат два производи од портфолиото на „Моја Кравица“ (чоколадно млеко, милкшејк или пудинг), а бројот на фискалната сметка и времето на купување со назнака „Моја Кравица“ да се испратат преку SMS на 145 111 или да се регистрираат бесплатно преку веб-страницата bimilk.mk/moja-kravica-nagradna-igra. Добитниците од секое извлекување се објавуваат секоја среда на официјалната страница и на социјалните мрежи на bimilk и imlekmk.

Ова е прва наградна игра за брендот „Моја Кравица“ во Македонија. Нејзината цел е да создаде уникатно искуство и уште посилна поврзаност со потрошувачите. Со своите препознатливи производи, „Моја Кравица“ останува симбол на радост, доверба и семејни вредности, омилен избор и за децата и за возрасните.

Со оваа наградна игра, „Моја Кравица“ уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон верните потрошувачи, нудејќи им не само производи со совршен вкус, туку и моменти што се паметат цел живот.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.