Моја Кравица ја стартува својата прва национална наградна игра во Македонија

Содржината

СООПШТЕНИЕ

(Скопје, 15.09.2025) – Бимилк со гордост ја претставува својата прва наградна игра за брендот Моја Кравица во Македонија, под слоганот „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“.

Наградната игра ќе трае од 15 септември до 26 октомври 2025 година и има цел да понуди уникатно искуство и дополнително да ја зајакне поврзаноста со потрошувачите. Моја Кравица чоколадно млеко со децении е симбол на вкусот и радоста во секое семејство. Денес, тоа е бренд кој ужива доверба кај потрошувачите во нашата земја, препознатлива по својот автентичен вкус, врвен квалитет и топлината што ја внесува во секојдневните моменти, правејќи ја омилен избор за малите и големите.

Моја Кравица наградната игра секоја недела носи нова радост: ќе се доделуваат по три iPhone 15 телефони, три PlayStation 5 и пет пакет производи, што ја прави оваа наградна игра една од највозбудливите досега. Најсреќниот добитник добива семејно патување во Дизниленд – дестинација што е симбол на фантазија и авантура и за малите, но и за возрасните!

Учеството во наградната игра е едноставно и лесно достапно за сите. Секој потрошувач што ќе купи било кои два производи од портфолиото на Моја Кравица (чоколадно млеко, милкшејк или пудинг) и ќе го испрати бројот од фискалната сметка, времето на купување со назнака Моја Кравица преку SMS на 145 111, добива право на учество во извлекувањата. Регистрацијата е можно да се направи бесплатно и преку веб страната: https://bimilk.mk/moja-kravica-nagradna-igra/ каде се достапни сите податоци за наградната игра. Извлекувањата ќе се одржуваат еднаш неделно, а добитниците ќе бидат објавувани секоја среда на официјалната веб-страница https://bimilk.mk/moja-kravica-nagradna-igra/ како и на социјалните мрежи на bimilk и imlekmk. Извлекувањето на главната награда е на 27.10.2025.

Со оваа наградна игра, Моја Кравица продолжува да ја гради својата силна врска со потрошувачите, нудејќи радост, изненадувања и моменти што остануваат во семејната меморија.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.