Мрзелива пита со безлактозен јогурт – лесен десерт за дигестивниот систем

Содржината

Далеку позади нас се деновите кога регуларното млеко беше единствена опција за консумација на овој млечен напиток. Утврдувајќи ги потребите на пазарот и со цел исполнување на специфичните потреби на консументите, компаниите за млечни производи ширум светот создадоа безлактозно млеко, за потрошувачите кои страдаат од нетолеранција на лактоза.

Во нашата земја, под брендовите Моја Кравица и Имлек, компанијата Бимилк лансираше производи, преку кои што можете да внесувате млечни продукти во вашиот организам и да не пропуштите ниту една од хранливите состојки што нивната редовна консумација ги пружа. Станува збор за Моја Кравица трајно млеко без лактоза, Моја Кравица јогурт без лактоза,  како и иновативниот производ – Имлек Протеин, високо-протеински млечен напиток без лактоза. 

На овој начин, освен тоа што без грижа од чувство на непријатност и неправилна дигестија можете повторно да ги воведете млечните продукти во вашата секојдневна исхрана, со нив можете и да ги подготвувате сите омилени рецепти, кои што поради нетолеранција на лактоза моравте да ги избегнувате. 

Ние ви претставуваме брз рецепт, што всушност и името го добил по времето и начинот на подготовка, нејзиното височество „Мрзелива пита“.

За да подготвите мрзелива пита според оригиналниот рецепт, потребни се следниве состојки:

  • 3 јајца

  • 1 чаша шеќер

  • 1 чаша масло

  • 2 чаши брашно

  • 1 чаша јогурт без лактоза

  • 1 прашок за печиво

  • 1 кг излупени јаболка

  • 2 лажици масло

  • шеќер – по желба

  • 2-3 лажици гриз

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200°C.

  • Во еден сад изматете: 3 јајца, шеќер, масло, брашно, јогурт и прашок за печиво.

  • Изматете ги состојките добро и направете тесто, па ренданите јаболка издинстајте ги со 2 лажици масло.

  • Додадете: гриз, шеќер и цимет по желба.

  • Истурете половина од тестото во подмачкана тава и печете неколку минути.

  • Ставете го филот, па прелијте го другиот дел од тестото над филот.

  • Кога питата ќе се испече, посипете ја со шеќер во прав, исечете ја на коцки и уживајте во нејзиниот сочен вкус заедно шолја топол чај.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.